Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
|
Сакам, можам, ќе успеам! Автор: Bojana Kjiburovski | 3.8.2020
Три збора, три тајни за успех на секого. Во текот на бременоста ниту самата немав идеја и замисла како ли би изгледало доењето....хмммм дури чудно пречудно. Бев на обука за доење. Предавачот држеше кукла да ни објасни, да ни долови позиции како тоа би изгледало, барем како тоа би требало да изгледа. Ауу за мене тоа беше потешко од било кој колоквиум по Менаџмент на Економски факултет. Искрено најискрено. Може дека важам за несмасна личност. Може дека немам некако фат за работите онака да седнам и да креирам нешто. Ниту упорноста не ми била јака страна. Ајде Бојана ...не не можам, не нема да успеам, не ќе се смеат...илјада причини уште толку изговори за неуспех. Бременоста ја поминав во најдобар ред...се беше супер. Се спремав за природно породување. После сплет на околности на 10.07.2019 утрината со царски рез донесов на свет едно мало бебенце. Породувањето со царски рез беше неочекувано и важеше за итен случај. Причина многу поголема бебето да не можам да го видам. Јас се опоравував во едната соба во Чаир. Тоа плачеше некаде таму од многуте бебиња во друга просторија. И немав млеко. Наеднаш почнав нешто да чувствувам после два дена. Млеко надојде. Јас бебе во раце немам. Не ми го носат. Се молзев рачно. Се потев на топло дека бебе родено сред лето. Наеднаш го гледам малецкото бебуле ми го носат, контакт мајка бебе да направиме. И направивме само допир. Не осетив ништо толку посебно. По два дена ми го донесоа. Рекоа ајде сега да се проба да цица малото. Леле јас како испит некој пробував да си вратам дел од обуката како што....но трапава јас дете никако да наместам за доење. Мнооогу фина сестра беше толку упорна со мене и ме учеше вака така онака....да го фатам детето. Го намести на градата и детето поцна да цица. Мајки тоа чувство со зборови не се опишува. Таа близина не може никој да ја долови. Цица тоа со мирис се полни а јас се топам. Јас која до вчера немав нахрането никого со мојата неумешност, јас давав храна на тоа мало суштество кое е мој син. Тоа чувство не ...не се опишува. Сите да го осетите или го имате сетено веќе. Но е незаменливо. Бев толку упорна.. нема чај што не испив нема храна што не пазев, но бев среќна. Секое мерење и напредок на бебето на вага за мене беше поттик да одам понатаму. Морав да користам и перница за доење и ден денес бебето има година и месец дена и уште ја користам. Но тоа цица. Тоа е среќно. А јас уште посреќна. Затоа САКАМ, МОЖАМ И ЌЕ УСПЕАМ!!!
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Во животот на секое дете доаѓа време кога прв пат се соочува со своите...
Како да останете тим кога доаѓаат децата?
Доаѓањето на дете е еден од најубавите моменти во животот, но истоврем...
Антиоксиданси. Што се, што прават и каде да ги најдеме?
Антиоксидантите се вистинските херои во светот на здравјето. ...
Постојат одлуки што не можеме да ги донесеме со логика. Колку и да пре...
Хормоните се невидливите диригенти на нашето тело. Тие го регулираат с...