vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Желба, трпение, упорност Автор: Винета Србиноска | 3.8.2020
Мојата приказна за доење започнува во моите рани, млади 18 години. Станав млада мајка на една прекрасна ќеркичка. Без помисла што ме чека, какви предизвици ми стојат на патот заедно со мајчинството, храбро продолжив да чекорам. Породувањето ми помина брзо и одлично. Сама и без никаква помош од никого уште од првиот момент си ја ставив ќерка ми на града и заедно со нејзе почнав да учам, сознавам нови работи, да се запознавам како со нејзе така и со се околу нас, се ни беше ново и чудно, но ние уживавме во секој заеднички миг. Ни требаше време, мене за да се навикнам на болките што беа нормални при прво доење, на болките од породување и се друго а нејзе и требаше време да научи како правилно да се храни без плачење. Со заеднички труд, со многу исплакани солзи, непреспиени ноќи некако на крај успеавме успешно да запловиме во доењето. Болките како започнаа така и поминаа. Но јас како мајка направив преголема грешка што се трудев на секој начин само бебето да е нахрането со мајчино млеко макар и од една града. Другата града остана без млеко прерано, и си продолживме со доење само на една града. За среќа имав дури и повеќе од доволно млеко и бебето растеше одлично за своите месеци. До 6 месеци беше само на доење, започнавме и со пробување вкусови, со разни кашички. Не беше голем обожавател на кашички ама не ни беше и многу страшна ситуација бидејќи качуваше на килажа само со доење, и на 1 годинка веќе имаше претерани 16 кг. Никогаш не помислив дека има разлика во мајчино млеко, хранливо, не хранливо, и како што ми кажаа повеќе од докторите моето млеко било премасно. После разни испитувања на ќерка ми, не беше пронајдено ни хормонско пореметување ни било што друго. Здраво, право буцкасто девојче. На 13 месеци мораше да ја одбијам наеднаш, ни помина прежално и претешко и на двете. После недела дена доењето беше зад нас. Јас си закачив маститис, висока температура, болна града. На крај со таблети за прекин конечно млекото се среди. После 19 месеци пристигна и втората ќеркичка, веќе се беше познато и лесно. Брзо се навикна но за жал доењето успеваше на истата града. Доењето ни беше заедничка преубава и прелесна приказна која траеше 2 години. Сега веќе сме во очекување на нашето трето бебе кое треба да не израдува во ноември. Со нетрпение очекувам да ја создадам и мојата трета приказна со доење, да уживам во мајчинството и во бебешкиот релаксирачки мирис. Мојот заклучок од две приказни за доење најбитни се желбата, трпението, упорноста, на крајот се сѐ исплаќа. Уживајте во секој миг во мајчинството.
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?