vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Мојата приказна за доењето Автор: Andrijana Siskoska | 1.8.2020
Јас сум мајка на две деца, две години и три месеци и седум месечно бебе.Со првото дете доењето беше доста тешко во првите 4 месеци. Користев пумпа и давав од шприц првите две недели бидејќи бебето немаше сила да цица. Користев силиконски брадавици ама сепак одеше тешко. Дење ноќе доев и се одмолзував секој ден. Пупките ми беа разранети и болеше ужасно многу. Ме спаси кремата Пурелан од Медела (не е реклама ова е мое лично искуство). Доев и плачев скоро цел месец, ама во ниту еден момент не планирав да се откажам. Се молзев шест месеци и давав навечер од шише измолзено млеко бидејќи бебето спиеше и не се будеше да цица. И покрај толкава упорност бебето само се одби на 7 месеци🙁 Не можам да разберам уште зошто...Кога дојде на ред второто дете си реков супер, немам мака имам пупки лесно ќе е, ама не беше така. Бебето слабо цицаше и пак се молзев за да зголемам лактација. Фала богу за две недели почна да си цица убаво и да напредува. На шест месеци извади запче и од нервоза ми ги кинеше пупките🙈 Ужасно чувство, да не се лажеме, 😀 ама пак во ниту еден момент не помислив да прекинам. Пурелан пак ми помогна премногу. Бебе уште цица и каса ама ќе се доиме уште многу долго се надевам😀
Секоја жртва е за доброто на бебето, така знаеш дека си мајка. Најбитното е да го правиш тоа од љубов, а не со сила зошто така треба. Само на тој начин ти ке бидеш среќна, а со тоа и самото бебе ке ја почувствува таа енергија. Не знам дали е мојата приказна инспиративна меѓутоа сакав да споделам, па ако можам и да помогнам на некоја мајка 😀 Секое добро. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Што е замрзнато рамо и како да го препознаете?
Замрзнатото рамо, познато и како адхезивен капсулитис, е состојба при ...
Првите денови од бременоста. Што треба да направите?
Позитивниот тест за бременост е момент што може да го промени целиот в...
Зошто разделбата од семејството може да биде тешка?
Заминувањето од семејниот дом, преселбата во друг град или земја, па д...
Зошто е важен датумот на последната менструација?
Датумот на последната менструација е многу поважен отколку што можеби ...
Протеин од сурутка - предности vs. недостатоци
Протеинот од сурутка (whey protein) е еден од најпопуларните додатоци ...