Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Доењето како процес потежок од самото породување Автор: Симона Танушевска | 1.8.2020
Прво доење
Кога останав бремена бев прилично млада, 20 год. Сонот ми беше да одам до крај и да се породам спонтано, но посакуваното некогаш едноставно не е возможно, така по 2 дена обиди за спонтано породување, одлучија да биде царски рез и така го родив мојот прв син на 21 год. Kако млада мајка неискусна, упорна бев за моето новородено бебе да го добие најдоброто, а тоа е мајчиното млеко. Морам да напоменам дека огромна поддршка имав од мојата мајка, која цело време беше до мене. Никогаш немав помислено дека на моето дете "не му е доволно" моето млеко и дали е "хранливо", според мене не постои недоволно и нехранливо млеко. Имавме доста падови и искушенија, но со упорност сè се реши, никогаш не ни помислив, а не паk да купам адаптирано млеко. Синчето си напредуваше одлично по 1 кгр. до 1 ипол кгр. на месец. До 6-ти месец бевме на ексклузивно доење, а откако воведовме цврста храна не му беше баш омилена, послатко му беше "цицето" на мама. Така се доевме до 17 ипол месеци, кога веќе решив дека е време да се одбиеме. Тоа беа доста тешки моменти, тој плаче во едната соба со мајка ми, а јас во другата соба плачам. И тука имаше доста искушенија за да се премислам, но повторно упорноста победи. Упорност само треба, како за почеток на тој процес, така и за завршување. Второ доење Кога останав бремена со второто, мојот прв син беше 2 год. овој пат породувањето тргна малку на лошо, па завршив со итен царски рез. Фала му на Бог сè заврши добро, но поради тешкото породување морав да примам антибиотик и бебето не смееше да цица. Овој пат имав главоболки и повраќање од спиналната (кој почувствувал знае за што зборувам) и неподносливи болки. Многу ми беше тешко кога го слушав како плаче и тоа дури со солзи, пред 3 часа од последната храна, а не смеам да му дадам од мене. 3 дена примав антибиотик и веќе кога заврши, почна само да ми надоаѓа млекото, многу ми беше криво што колострумот веќе се изгуби, но тоа е што е, го започнавме процесот доење. Откако си отидовме дома главата не престана да ме боли, ме болеше 1 недела, но и мојата упорност не престана. Повторно мајка ми беше таа што најмногу ме поддржуваше цело време. Таа ќе го даде штом заплаче, ќе го држи да подждригне, а јас само лежев и глава не можев да помрднам. Повторно на адаптирано не ни помислив си продолживме само со доење и ништо, и покрај доста "паметувања" од страна, јас си го слушав само моето бебенце и неговата потреба, а тоа беше доење и гушкање. Исто до кај 6-ти месец бевме само на ексклузивно доење, потоа започнавме со цврста храна, ама сепак млекцето на мама беше најслатко. Кога наполни веќе 1 годинка, тргна во градинка, но доењето не престана, цицаше сабајле пред тргнување, а откако ќе се вратевме дома одма право ме носеше на кревет и ќе се намести за да цица. Така се доевме нешто повеќе од 1 год. кога веќе решивме да ставивме крај на ова патешествие кое траеше цели 2 години и 1 месец. Совет! Секогаш слушајте ги потребите на вашето новороденче, за успешно доење потребни се само мајката и бебето. Што ако паметуваат од страна кога тие истите не му даваат на бебето храна, мајката е таа што му дава. Природата не создала такви. Поддршка до сите што се упорни во тоа што го сакаат најдобро за своите чеда, а тоа е мајчиното млеко кое е незаменливо. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Подлабоки разговори меѓу родителите
Во секојдневната бркотница меѓу работа, домашни обврски и грижа за дец...
Зошто да зборувате со други родители?
Родителството е патување полно со радости, но и со предизвици, кои чес...
Најдоброто млеко за време на бременоста
Бременоста е период кога секој оброк и пијалок стануваат дел од внимат...
Дали конфликтот значи дека семејството не функционира?
Многу родители и партнери се плашат од конфликтот. Често мислат дека с...
Во време кога деновите минуваат брзо, а обврските се редат една по дру...