vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
|
Една е мајка Автор: Виолета Василева | 30.7.2020
Пред 4 години првпат станав мајка на една прекрасна принцеза Леона, сега сум 9ти месец и повторно очекуваме девојче. Чувството да бидеш мајка е најубавото чувство на светот, неизмерна среќа, тоа чувство не се опишува со зборови. И дојде моментот кога требаше да ја дојам мојата ќерка. Секако во мене постоеја еден куп прашања и сомнежи дали ќе можам да научам како да ја дојам, дали ќе имам млеко и сл. Сестрата ми го донесе бебето и ми кажа стави ја на едната потоа на другата града и така наизменично менувај ги страните, запознавајте се и доете се. Ја прегрнав и долго ја гледав со восхит, тие мали очиња ги отвораше и затвораше, си помислив Господе јас сум одговорна за оваа невина мала душичка, од мене чека се што и е потребно храна, нега, љубов.. За моја среќа дојде тетка ми на посета и таа ми даде малку инструкции. Конечно ја ставив да ја дојам. По два-три обиди одеднаш осетив како цица и голта. Но бидејќи е мало се уморува брзо и заспива цицајќи. Така одвреме-навреме ја оставав да дремне и ќе ја погалев на обравчето и таа повторно продолжуваше. Чувството е прекрасно, како сите болки да ми поминаа, бев пресреќна. Откако ќе ја ставев во креветчето и повторно ќе ја земав за да ја дојам имавме потешкотии да го пронајдеме вистинското место од каде што треба да цица бидејќи воопшто немав брадавици и се излизгуваше постојано, но бев упорна и покрај тоа што неколку пати ми направи неколку модринки, но ништо страшно. Со текот на деновите ми наидуваше се повеќе млеко, бев среќна што е така но како што минуваше времето проблемот што немав брадавици стануваше се потешко, почнаа да ми излегуваат ранички и да ми тече крв при доењето. Почна да ме фаќа страв да не и се случи нешто. Почнав да се мачкам маст после секое доење за да ми омекнат малку раните и пред доење обавезно убаво ги чистев брадавиците. Многу ме болеа на почетокот на доењето па ставав и силиконски брадавици понекогаш да не ме гризе директно. После сите претрпени болки со градите се поминува кога ќе ви се насмевне така што вреди целиот труд и мака кои ќе ги претрпите и затоа на сите идни мајки им препорачувам да бидат упорни бидејќи детето се раѓа со инстинкт за цицање а исто и мајката за доење така што останува само праксата и истрајноста.
Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Есенски намирници што ја поддржуваат плодноста
Од тиква и калинка до леќа и ореви, есенската трпеза може да биде шаре...
Крвавењето во првите недели од бременоста не секогаш значи дека нешто ...
Есента како период за поврзување и блискост
Кога деновите стануваат пократки, можеби токму тогаш имаме најубава пр...
Ретка состојба во која бременоста не се развива нормално, а абнормално...
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...