|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Valentine`s heart

Автор:
Редакција Рингераја

Совршено за денешниот ден



Подготовка

Од лиснатото тесто исечете 3 еднакви срца. Ставете ги на плех обложен со хартија и премачкајте ги со белка, па одозгора ставете ги листовите бадеми, шеќерот и ренданата кора од портокал. Печете ги срцата во рерна додека не се зацрвенат. Растворете го желатинот. Испасирајте го овошјето и исцедете го. Во добиената каша ставете жолчка, шеќер и растворениот желатин. Штом масата точне да се желира додадете ја изматената павлака и ренданата кора од портокал. Ставете го кремот во шприц и обилно филувајте ја секоја кора. Ставете ги корите една над друга. Украсете по желба.

Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Kомплицираност: 4

Состав

- 250 гр. лиснато тесто
- 50 гр. листови бадеми
- 3 лаж. шеќер
- рендана кора од портокал
- 1 белка

Фил:
- 1 пак. црвен желатин
- 300 гр. мешано замрзнато овошје (малини,вишни, капинки, јагоди...)
- 130 гр. шеќер во прав
- 1 жолчка
- 200 гр. слатка павлака
- рендана кора од портокал



Анкета

Имиња за момчиња
petraa

Кое ви се допаѓа вам? Еве ви убави македонски не-помодарски имиња :)

Јане (16%)

Петар (21%)

Стојан (3%)

Димитар (9%)

Коста (6%)

Дамјан (45%)


Број на сите гласови: 116

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!