Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Можете ли да одолеете на вкусот на Милка чоколадо? Оваа торта е уште повкусна!
Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да се вари на пареа за да згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки. Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со шлаг.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
12 јајца
10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол маргарин)
300 г мелена плазма
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни Милка чоколади
забава Бремените
Автор: bobik
Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасе...
Пролетни алергии кај деца. Како да се справите?
Со доаѓањето на пролетта природата се буди, но за многу деца ова е и п...
Неколку интересни факти за спермата
Спермата е тема што често се поврзува исклучиво со плодноста, но зад н...
Како да се справите со страв од разделување кај бебето?
Многу родители се соочуваат со момент кога нивното бебе почнува да пла...
Може ли мајката да пренесе кариес на бебето?
Кариесот како болест не се наследува, но бактериите што го предизвикув...