Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Мирисот на Италија
Најпрво проверете дали во тавата во која ќе ги правите канелоните убаво ви ги собира едно до друго, за да не дојде до излевање на филот од краевите при печењето. Треба да стојат стиснати едни до други. На малку путер се пропржува младиот кромид со лукот, и се додава спанаќот (пред тоа исчистен, малку обарен и исечкан). Се пропржува неколку минути. Се посолува и трга настрана. Сирењето убаво го гмечите и малку изладениот спанаќ го додавате во него. Промешајте. Смесата нека се излади пред да почнете со полнење (во спротивно ќе ви испукаат канелоните). Канелоните се полнат со готварски шприц или лажиче. На дното од тавата ставете малку бешамел сос (да се покрие сосема дното), наредете ги канелоните, потоа прелејте ги со преостанатиот сос. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Се печат 20 мин во загреана рерна на 200 степени, потоа се вади фолијата, се ренда кашкавал и се наросува пармезан. Се печат така уште 20-тина минути. Сервирајте ги не премногу топли.
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Kомплицираност: 3
1 кутија канелони (18 парчиња)
300 гр. сирење
400-500 гр. спанаќ
1 чешне лук
1 млад кромид
Бешамел сос
Малку кашкавал и пармезан за одозгора
забава Бремените
Автор: bobik
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...
Кога бременостите следат една по друга со разлика од мал временски инт...