Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Брза закуска за гости
Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер. Оставете го да вари додека омекне. На крај додајте го и грашокот и тој да вари 5 минути. Извадете ги посебно во чинии. Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, ставете го во сецко и иситнете го. Префрлете го во сад и додајте го кашкавалот, јајцата, магдоносот и сол и црн пипер по вкус. Измесете ја смесата да се изедначи. Сега додајте го и грашокот и нежно мешајте за да не се изгмечи. Со влажни раце од смесата направете крокети долги 5-6 цм. Потоа извалкајте ги во изматено јајце во кое сте додале малку сол и во презла. Пржете ги во загреано масло а потоа извадете ги на кујнска салфетка. Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, мајонез тартар сос и сл.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Kомплицираност: 3
600 гр пилешки стек
120 гр замрзнат грашок
120 гр ситно рендан кашкавал
1 лажица ситно сецкан магдонос
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче рузмарин
1 коцка за супа
2 јајца
по потреба сол и црн пипер
За поховање
1 јајце
по потреба презла
по потреба масло за пржење на крокетите
забава Бремените
Автор: bobik
Во време на брзи промени, дигитална оддалеченост и зголемен стрес, емп...
Пренатални витамини и зачнување: мит или реалност?
Пренаталните витамини често се доживуваат како клучен чекор кон полесн...
Кога се обидувате да забремените, често се поставува прашањето дали се...
Добрината како најголема човечка вредност
Добрината не е слабост, туку свесен избор што ја гради човечката поврз...
Животен стил и социјални фактори
Бременоста не се одвива изолирано, туку е силно поврзана со секојдневн...