|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вагинални инфекции во бременоста
28.5.2009 22:03:43   
Палешка РР
Загрижувачки е фактот што секоја втора трудници има вагинална инфекција. Оваа состојба може да ја променат матичните гинеколози бидејќи тие треба повеќе да ги информираат трудниците и да им објаснат зошто е важно да се земаат брисеви и да се прават вагинални прегледи - вели Викторија Јовановска, лекар-специјалист во Клиниката за гинекологија.
Таа објаснува дека, поради посебната состојба на жената во периодот на бременоста, овие инфекции предизвикуваат посилни реакции, како што се предвремени породувања, абортус и неонатални инфекции кај бебето по раѓањето. - Инфекциите го омекнуваат грлото на матката, а со тоа предизвикуваат предвремено отворање и породување. Во првите 12 недели од бременост може да предизвикаат и оштетувања на органите на плодот - вели Јовановска. Бебето може да добие инфекција на очите, кожата, папочната врвца, како и воспаление на белите дробови и инфекции што се пренесуваат преку крвта. - Овие инфекции се јавуваат кај жените и кога не се бремени, но во оваа фаза може да направат сериозни проблеми на мајката и на бебето. Најчести инфекции се кандида, трихомона, токсоплазми, кламидија и уреоплазма - вели Јовановска. Инфекциите може да бидат без симптоми или, пак, да се манифестираат со засилена секреција, непријатен мирис, чешање и пецкање. Откако ќе се дијагностицираат, се лекуваат со таблети и вагиналети што ги дава гинеколог, а кои не му штетат на плодот. - На клиниката жените доаѓаат ако имаат засилени симптоми. Брисеви задолжително треба да се земаат во раната бременост и во 36. недела, кога се гледа дали има бетахемолитичен стрептокок - вели Јовановска. Таа објаснува дека кога жените планираат бременост задолжително треба да направат преглед пред да забременат. Кај трудниците што се постари од 35 години се прави и генетско испитување на плодовата вода. - Многу е важно покрај ултразвучните прегледи, што во развиените земји се ограничуваат на осум, да се прават и вагинални прегледи. Жените не треба да се плашат дека кога се зема брис или се прави преглед ќе се повреди бебето или ќе се предизвика предвремено породување. Овие прегледи се потполно безопасни - вели Јовановска. Наспроти тоа што трудниците кај нас одбиваат да прават вагинални прегледи, објаснува таа, постои практика многу често да се прават ехо-прегледи. - Во Германија, на пример, кај нормална бременост има осум ехо-прегледи, што е повеќе од доволно. Треба да имаме предвид дека се уште не е докажано дали ултразвукот му штети на плодот - вели Јовановска. Таа објаснува дека и со четири ехо-прегледи може да се следи состојбата на плодот. Првиот се прави на почетокот на бременоста за да се види дали плодот е во матката, а вториот во 12-тата недела за да се види како се развива плодот. Во 20-тата недела ехо-прегледот треба да покаже дали кај плодот постојат физички недостатоци, а околу 32. недела, кога тој интензивно расте, се гледа дали заостанува. Потоа ехо- прегледи се прават кај трудници што имаат болки или, пак, ако се пролонгира бременоста.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
28.5.2009 22:09:49   
Палешка РР
Дали одите/одевте на вагинални прегледи за време на бременоста?
Кaкви се испитувања направивте?
Какви лекарства примавте?


Искрено, кога докторката ми препиша упатница за Микробиолошки институт, се зачудив user posted image
Испитувања на цервикален брис, вагинален брис, микоплазма, уринокултура, токсоплазмоза.
Потоа добив информации дека е тоа рутина и дека би требало да се испитува кај секоја трудница, според стандардите на Светската Здравствена Организација.

Ок, испитав се, ги чекам уште резултатите за токсоплазмоза.
Се е во ред user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 28.5.2009 22:10:26 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
28.5.2009 23:00:59   
Natasha5
dada i jas zemav bris vo ranata bremenost ne sum sigurna tocno koja nedela,pravev o pap test se bese vo red.a sega eve sum vo 36 nedela i treba da odam od ponedelnik da zemam uste eden bris.pa belki ke bide se vo red.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
29.5.2009 8:45:56   
mami
мене бидејќи си имам проблеми со кандидата постојано ми земаше 3 пати брисеви на почеток, средина и при крај на бременоста и само во средината ми се појави па ми даде вагиналети и помина...

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
31.5.2009 11:14:41   
Lady
Вчера се разбудив со чудна болка доле.. како да е иритирано, не ми е пријатно.., меѓутоа нема непријатен мирис или засилен слуз.. ама ич не си ја осеќамм фино, сигурно е некоја инфекција, сега сум 12 недела и се исплашив многу, утре ќе одам на преглед, ама до утре ќе цркнам мислејки што е како е... Колку стварно може да му наштети на плодот????

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
31.5.2009 11:49:27   
Еца
Лејди и да е инфекција, ношто страшно, мислам бактерии, инфекции, се нешто може да биде, но на плодот па и не може да му наштети доколку на време се интервенира, затоа утре кај твојот гинеколог и се убаво ќе дознаеш, а до утре не се сеќирај, мислам не е опасно, и јас ја осекам така подолго време... а утре кога ќе се се вратиш те молам пиши што ти кажале, баш ме интересира, поздравчеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Lady)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
2.6.2009 14:39:40   
Nikolina
здраво пак од мене јас само што се вратив од на гиниколог и од микробиологија носев брис од вагина  и брис од цервикс па дај боже се да биди во ред дур понеделник резултати,се убив од трчање за денес да ги однесам ама заборавив оти петок не работат незнам како е кај вас ама тука во Бт. за резултати од брис се чека по три и повеќе дена па да се мрдни човек ама да се надевам дека ќе бидат ок. а инаку на сите трудници обавезно има препорачувам  често да прват проверка на брис и дека нема потреба да се плашат дека со тоа му штетат на плодот. 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
2.6.2009 17:35:05   
Палешка РР
И јас правев такви испитувања минатата недела, Даниела, се беше во ред user posted image .
И кај нас во Прилеп се чека 2-3 дена.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
2.6.2009 18:14:28   
Nikolina
баш ми е мило дека е се во ред се надевам дека и кај мене ќе биди ќе ви пишамuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 17:42:20   
Nikolina
ете ме мене со резултати user posted image повторно ми ја најдоа Стрептококата и Ешерихија коли бев ми дадоа лекарства па ми рекоа за две недели повторно брис ќе полудам оваа бактеријата не ми дава мир.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 17:44:27   
Еца
Даниела дали ти кажа докторот колку може да биде опасна или не и дали ти даде некаква терапија? Баш ми е криво што не можеш да се откачиш од овие досадни бактерииuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 17:55:58   
Nikolina
да ми даде терапија ама треба да видиме по две недели како ќе делува оти јас постојано ја имам оваа бактерија стрептококата и нон сто одам на котрола претходно ја имав тоцно пред десет недели и испив две различни терапииама сега дека и ешерихијата ја имам ми дадоа друга абе за штетно штетно е многу претходниот пат кога ми се слуци тоа што се случи пак беше предизвикано од стрептококата ама тогаш појма немав и дури после тоа откривме па после тоа две години еве се мачам со истата ама сега сме во предност што знаеме со што имаме работа и ја котролираме скоро секои два месеци и да се надевам дека не е многу фатлно овој пат оти нон стоп сум под терапии и ја лечам па пак се јавува да се надевам дека овој пат за скрос ќе ја излечам.user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 17:58:35   
Еца
И дали разговаравте до докторот тогаш на кој начин да се породиш, по приоден пат или со царски, дали веќе е решено?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 18:05:14   
Палешка РР
Баш ми е жал Даниела, ајде издржи уште малку, user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 18:08:05   
Еца
Даниела еве тука нешто веќе сме напишале за ешерихија коли во бременоста  http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%95%D1%88%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B8/m_4453/tm.htm

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 18:08:26   
Nikolina
незнам ама мислам царски ех имам уште три месеци рано е за тоа да мислам,ама така најверојатно оти претходниот пат бев царски user posted image за жал џабе не било за да биди да се надевам овој пат дека ќе биди ок 

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 18:11:59   
Nikolina
фала Елена инаку да Д-р ми даде имало и апчиња од брусница или цај ама ми рече да ги земам апчињата и можи да треба до крај да ги пијам,инаку пред некој ден ме болесе бубрегот две вецери ете од што било ама ја с сум оптимис ќе помини мора да мислам така оти ќе полудам

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
8.6.2009 18:12:41   
Еца
user posted image user posted image user posted image ќе биде се во редuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
9.6.2009 14:15:05   
lide78
Za pomalku infekcii koristete Betadine vaginalni apcinja,ne se stetni i posle sekoj odnos obavezno i ako piete antibiotik morate da piete i B-komplex,i antibiotikot sozdava candida

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
16.6.2009 10:58:49   
Еца
Утрово бев на гинеколог ми земаа брис и во четврток ќе бидат готови резултатите, па ќе ви јавам каква е ситуацијата.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
19.6.2009 14:34:22   
Еца
Ги земав резултати од микробилологија,носев брис од вагина и брис од цервикс. Ниту патогени бактерии, ниту кандида не се најдени, резултатите се одличниuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
19.6.2009 14:36:58   
mami
 user posted image ете добра вест

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
18.8.2009 10:41:54   
Sara
Јас мислам дека подосадно нешто од ова исцедоков во тек на бременост нема.
Јас имав скоро цела бременост па ставав вагиналети, д-р ме премачкуваше со генецијан виолетово па едно време ми се изгуби.
Сега при крај еве го пак ме посети, на брисевите нема ништо ставам два пати неделно вагиналети Гинодактрин ама исто како ништо да не ставам.
Незнам што ќе се прави, највеќе ми е страв дека може да се пренесе на бебето при пораѓај.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
18.8.2009 10:47:31   
lili26
Sara probaj so POLIGINAX,mene mi pomognaa.Tie se na prirodna baza,ne se voopsto stetni,a se so imas,bakterii,infekcii,cistat.Jas gi stavav i vo sedmi ili osmi mesec,bezbedni se.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Вагинални инфекции во бременоста
18.8.2009 13:59:14   
Bile
luge ajde  pomagajte so vasite iskustva
imam candida albikans i ja lecev so Canesten spred 3 sega so ovie stresovi pak mi se pojavi. milsite li deka moze da bide fatalno za bebeto prisustvoto na candidata za vreme na raganjeto

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

imence
milobebence

koe ime za devojce poveke vi se dopaga?

lina (34%)

nina (20%)

sofija (30%)

mina (17%)


Број на сите гласови: 164

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!