|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Частење на докторите и сестрите
1.11.2012 23:02:04   
majka na eva
а за докторката ристова во радовиш да ви кажам таа сама си бара штом го види таткото.И мора сите таму и др и сестри да ги почастиш сомуни,а + останатото....како што е редотuser posted image ,ама па кога е за арно ајде user posted image ,иако не ми се допаѓа баш да се претерува,и ние самите си ги учиме после да си бараат

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Частење на докторите и сестрите
1.11.2012 23:07:28   
majka na eva

ИЗВОРНА ПОРАКА: Belo_Oblache

ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Една роднина на мажот ми по 7 години остана бремена и роди машко детенце.Кога ја породил докторот им побарал 2-300 евра,родителите среќни што конечно си имаат бебенце но немале толку пари за да му дадат на докторот. И овој дури изнервиран им рекол:''Вие сте неблагодарни родители откаде го чекавте толку време и сега немате ни 200 евра ''.
Да се чудиш и да плачеш,па тие не си го купуваат детето од докторот,а тој за да се нарече доктор треба да биде пред се човек.
Ова се случило во Струмица а незнам како се вика докторот...user posted image user posted image user posted image user posted image




Јас сум од Струмица и го потврдувам ова. Веројатно во Скопје докторите не се до толку безобразни, но овде во Струмица има случаи од кои се крева косата. Невозможно е да се породиш, а да не им дадеш пари на докторите. И не само докторите, редовна пракса на целиот персонал дури до чистачки е кога ќе дојде таткото, или некој друг од потесното семејство, да се наредат сите еден до друг и чекаат да им дадат пари. Ко просјаци....
Има толку многу лоши искуства од Струмичката болница, на моја братучетка која уште лежела на боксот незашиена, докторот кој ја породил и го донел мобилниот за да се јави на мајка и и да и каже дека се породила. Сето тоа зошто неговата смена завршувала за 40 минути, па ако дојде мајката покасно, нема да му дадат пари.
Истиот доктор не сакал да породи жена со царски зошто мажот и немал пари да му даде...

Овие искуства се навистина многу, сигурно ги има во сите градови и во сите државни болници, ама мислам дека во Струмица е надвор од секоја контрола. Затоа јас нема теорија да се породам таму, ќе раѓам во Систина, па колку и да било скапо. Го чекаме детево веќе 3 години...

Поздрав!


е и јас знам еден сличен пример за во струмичката болница,дека навистина е така.си барат докторите и пари за секое раѓање 50е ти мораш да имаш спремено само за др а потоа да одиш на пораѓајuser posted image навистина претеризам време дојдеuser posted image

(Одговор на членот Belo_Oblache)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Частење на докторите и сестрите
1.11.2012 23:23:26   
Kockicka
Denot koga jas se porodiv vo Gevgeliskata bolnica na poseta bel ministerot pa taka ni doktori ni sestri ne sakaa n nikakvo castenje tuku i go iskarale mm sto sakal da gi pocasti user posted image samo anestezelogot dobi edno viski zosto vo posleden moment se resi da mi stavi spinalna anestazija ( ne znaaev deka trebalo da zakazam).E slednite denovi od koga se porodiv jas gi pocastiv sestrite sprema zaslugata vsusnost koja ke mi pomognese taa si dobi i cokoladi sok palacinka pica sto ke posakase imase edna koja samo idese po skafot mi pretese i se posluzuvase se sekerot i bese padnat user posted image .Mojot matcen ne dobi nisto zosto go fati panika na sred porogaj svesno go slusav kako ke napravese 2 greski ,a doktorot moj sosed koga izlegov dobi 50 evra ( jas ne znaev deka mm mu dal ) za uspesnata rabota,a setrata sto ja oblece kolekcija.Imase dve setri koi zasluzuvaa mnogu poveke no ednostavno ne uspeav da im dadam od toa sto sami ne prifakaa nisto a bea sestri za primer

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Частење на докторите и сестрите
1.11.2012 23:41:35   
moni teo
jas se porodiv vo strumica i nikoj doktor ne bara 50evra jeste da sakaat pari i cekaat do deka ne im se dade no nikoj ne ti kazuva kolku, kolku imas ti tolku... Kockicka pop-kocev da ne ti bese maticen?? user posted image user posted image

(Одговор на членот Kockicka)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Частење на докторите и сестрите
1.11.2012 23:43:58   
moni teo
a i nie samite sme si vinovni taka se nauceni doktorite i taka si teraat ubavo im e na niv a nekoj ako nema sto ke dade dusata??

(Одговор на членот moni teo)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 0:02:32   
Kockicka
Da moni teo toj mi bese maticen covekot e super da ti ja vodi cel bremenost ama greota sto go faka panika na porogaj

(Одговор на членот moni teo)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 0:06:31   
moni teo
sto da pravime takvi se nasite maticni nie vo juzniot del nemame dobar maticen ni pop-kocev nitu getev tuku da ne sme oftopik pozzuser posted image

(Одговор на членот Kockicka)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 0:14:19   
Maria
Јас пак сум многу задоволна од др.Гетов,ми ги водеше и двете бремености,немам лоши зборови за човекот.Доктор со многу знаење и искуство.Тоа е мое мислење.user posted image

(Одговор на членот moni teo)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 0:16:18   
Kockicka
Sekoj so svoe iskustvo jas imav epten loso iskustvo so Getov ama ajde da ne bidam of topik

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 7:17:13   
blond

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka na eva


ИЗВОРНА ПОРАКА: Belo_Oblache

ИЗВОРНА ПОРАКА: elle

Една роднина на мажот ми по 7 години остана бремена и роди машко детенце.Кога ја породил докторот им побарал 2-300 евра,родителите среќни што конечно си имаат бебенце но немале толку пари за да му дадат на докторот. И овој дури изнервиран им рекол:''Вие сте неблагодарни родители откаде го чекавте толку време и сега немате ни 200 евра ''.
Да се чудиш и да плачеш,па тие не си го купуваат детето од докторот,а тој за да се нарече доктор треба да биде пред се човек.
Ова се случило во Струмица а незнам како се вика докторот...user posted image user posted image user posted image user posted image




Јас сум од Струмица и го потврдувам ова. Веројатно во Скопје докторите не се до толку безобразни, но овде во Струмица има случаи од кои се крева косата. Невозможно е да се породиш, а да не им дадеш пари на докторите. И не само докторите, редовна пракса на целиот персонал дури до чистачки е кога ќе дојде таткото, или некој друг од потесното семејство, да се наредат сите еден до друг и чекаат да им дадат пари. Ко просјаци....
Има толку многу лоши искуства од Струмичката болница, на моја братучетка која уште лежела на боксот незашиена, докторот кој ја породил и го донел мобилниот за да се јави на мајка и и да и каже дека се породила. Сето тоа зошто неговата смена завршувала за 40 минути, па ако дојде мајката покасно, нема да му дадат пари.
Истиот доктор не сакал да породи жена со царски зошто мажот и немал пари да му даде...

Овие искуства се навистина многу, сигурно ги има во сите градови и во сите државни болници, ама мислам дека во Струмица е надвор од секоја контрола. Затоа јас нема теорија да се породам таму, ќе раѓам во Систина, па колку и да било скапо. Го чекаме детево веќе 3 години...

Поздрав!


е и јас знам еден сличен пример за во струмичката болница,дека навистина е така.си барат докторите и пари за секое раѓање 50е ти мораш да имаш спремено само за др а потоа да одиш на пораѓајuser posted image навистина претеризам време дојдеuser posted image

Го потврдувам сето ова дека е точно.
Мене ме пораѓаа двајца доктори (не сакам имиња да споменувам). Кај едниот одев на приватни прегледи и ког ами помина терминот ми кажа да отидам во болница на ЦТГ кога тој е на работа. Заминав, ме прегледа ми бидејќи ми беше поминат терминот ми рече: Ти денес ќе раѓаш, отворена си 2 прста. Јас се сомневам дека сум била отворена, бидејќи немав апсолутно никаква болка, ме убедуваше дека ЦТГ покажувало јаки контракции а јас ништо не чувствував. Клизма, па водењакот ми го пукнаа, па цел ден ваму таму, ме мачеше цел ден, иако си барав, молев за царски (ама не ми текна прво да дадам пари за да го добијам саканото), не добив ништо за болките, кои беа ужасни. Да скратам, на крај целата работа заврши со ИТЕН царски и со зборови на докторот кон мм: Ќе се потрудиме да го спасиме бебето.
За 2 минути бев во сала, а за 5 стигна и другиот доктор од дома. По операцијата двајцата си добиле од мм солидна сума на пари, анестезиологот веднаш добил црвена шушка (бидејќи таа го покажала бебето на мм), кога дојдоа моите свекрва ми напоменала да купат нешто за тука, бидејќи нема да ги пуштат да го видат ниту бебето ниту мене. На секое доаѓање на мм сите добиваа нешто за "мезење", а на крај и сестрата што ми го подаде бебето на излегување си доби убаво поклонче.
Ова е ред во Струмица. И мнооогу ретко некој да не го почитува ова.
На еден другар жена му седела на бокс, несошиена, не сакал да ја сошие додека не добие пари. Срамота, не знам што друго да кажам!
Мое мислење е, колку и да заслужуваат докторите, сестрите, чистачките, СЕПАК тоа е нивна работа, ја одбрале таа ХУМАНА професија! Зарем јас да барам и очекувам пари ПЛУС за работата што ја работам? Не, тоа е мито и корупција, ама кој да има муда да го пријави.
Јас бев нак*рчена да го пријавам ова, плус и уште една работа (закачив луда болест додека лежев), ама немав дозвола од мм user posted image . А баш сакав да ме има по ТВ user posted image
Затоа здравје за наредно дете, раѓање на приватно. Парите секако си ги дадеш, дали вака или онака.

(Одговор на членот majka na eva)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 11:12:54   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kockicka

Da moni teo toj mi bese maticen covekot e super da ti ja vodi cel bremenost ama greota sto go faka panika na porogaj

Кога веќе му е спомнато името... Истиот тој што си бараше виски. Го фаќа паника на пороѓај user posted image Ами не се пораѓа тој, Бог да чува. За среќа кај мене само асистираше, а за стручноста на др.Гетов немам зборови. Таков е каков што е, тоа му е карактер, ама јас во негови раце се чувствував сигурно. Сепак секој со своето искуство, но факт е дека во јужниот крај ни фалат квалитетни гинеколози, т.е ни фалат воопшто доктори user posted image


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Kockicka)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 20:18:22   
Maria
Кога станува збор за частење,Гетов и тоа што му го дадовме(ситница),не сакаше да го прими,а камоли да си побара.user posted image
Токму така, Еленак,баш поради тоа што е доста стручен се одлучив за него и се чувствував многу сигурно во негови раце,баш за тоа зборував,добар и искусен доктор.user posted image Единствено што не ми се бендиса е условите во породилиштето,ама тоа е.Во Гевгелија условите се подобри,ама според мене,нема добар доктор.Па кога би бирала услови или стручност,би го одбрала она второто,бидејќи сепак се работи за два животи.Како и да е... секој има право на избор...

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Частење на докторите и сестрите
2.11.2012 22:06:08   
MacenceEna
Mene glupavo mi e toa da moras da gi cas_tis doktorite sto te porodile user posted image p niv toa rabota im e ...
ili da te trcka , i da prakja sestri da zema telefon za da se javuva za pari
Sramota i bruka e user posted image
Ako samata sakam da se zablagodaram ke mozam da odnesam Vino vo znak na blagodarnost
a pari ne .

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Частење на докторите и сестрите
30.11.2012 14:24:04   
zzaa
se porodiv vo drazavna i sami si bara duri i cistackite bara kafe i bonbonjera i maz mi i donese katastrofa se ama so da pravis user posted image

(Одговор на членот MacenceEna)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 10:01:27   
miana
Што мислите за ова

Лекарите митаџии ставени во тесно, подароци може да добиваат само преку сестрите!
Лекарите во иднина многу потешко ќе примаат мито, ако доследно се применуваат препораките од новиот Протокол за хоспитална култура.

Протоколот за хоспитална култура кој наскоро ќе стапи на сила, ќе ги контролира и подароците за лекарите, пишува здравство24.мк.

Виски, кафе или бонбониера повеќе нема директно да се носи во канцеларијата на хирургот. Со новиот протокол доколку некој од пациентите сака да остави подарок, пијалок, или слично во вредност не поголема од 1.000 денари, истиот се остава исклучиво на пултот кај сестрите со назнака за кого е наменет, а потоа истите го предаваат.

Протоколот за хоспитална култура вчера беше промовиран од Министерот за здравство Никола Тодоров.

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 12:41:26   
rina13
Тоа частење ми било секогаш глупа работа зашто тој  или таа за тоа зема плата не врши добротворна работа(работи за пари). А тоа каде ќе го оставите митото( или частачката) не менува ништо. Може во ходник да му дадете поклон не мора свечен прием во канцеларија.
Некако министеров колку повеќе се обидува да ги заузда толку повеќе револт предизвикува а работите остануваат на  исто( во болнициве човечкот живот не вреди 5 пари).Што би рекол народот кучињата лаат караванот си врви.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 12:50:46   
mommy_angels RR
ајде бе мамички,сме добиле бебчиња најубави,частиме се живо и диво,роднини,пријатели,колеги,комшии,па зарем не ви прави мерак да ги почастете и оние што биле покрај вас и внимавале на вас и вашето најмило во најкритичните мигови.Јас со мерак го направив тоа (само да кажам ниту сум медицинско лице,ниту пак имам некој близок што работи по клиникиве) user posted image

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 12:51:35   
JovanaJ
Ne e resen problemot ako "podarokot" se ostavi kaj sestrite. Mene poveke me iritira faktot zosto bi se nosel toj podarok. Sto i da e. Pa doktorot samo si ja zavrsil rabotata, zarem nekoj mene ni dava podaroci za sekoja rabota sto ja zavrsuvame ovde? Platena sum za toa, i toa go rabotam. Navistina ne mi e jasno zosto bi nosela nesto na doktorot.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 12:59:13   
anaana
Pa doktorot samo si ja zavrsil rabotata, zarem nekoj mene ni dava podaroci za sekoja rabota sto ja zavrsuvame ovde? Platena sum za toa, i toa go rabotam. Navistina ne mi e jasno zosto bi nosela nesto na doktorot.


i mene ne mi e jasno od kade e toj obicaj da se dava nesto.. tocno sestrata bila pokraj tebe, ama pa utre taa ako bara imoten list, zosto ne mu dade kolacinja na toj salterskiot rabotnik vo katastar
ili nego toa mu e rabota...
ke trgnam nastrana koj za kolku pari raboti ednostavno na sestrata i e rabota da se grizi za pacientite. na doktorot mu e rabota da ti napravi operacija, da te porodi, da ti izvadi zab ili sekoj za sto specijaliziral

mene i neprijatno mi e da im davam podaroci. ali se na se ne mi se svigja toj obicaj. znaci ne sum skrzava, ednostavno dodeka imame obicaj da davame od pari do podaroci za da se zavrsi nekoja rabota za koja dok. e platen, do togas ke ima lista na pacienti, pa koj ke dade poveke ke bide pogore na listata :))))

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:14:07   
mommy_angels RR
против ваков начин сум сосема против,особено што се изначитав поgоре е срамота,јас зборувам за обично почастување како чоколадни бонбони,сокчиња,грисини итн,ете мм со тоа ги почасти сестрите, а докторката дека ми беше на диета , а јас се породив во 20.40 ,гладна јадница цел ден и на инсистирање на мм да земе нешто побара јогурт и смоки user posted image ,ете со тоа беше почастена жената user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:19:15   
anaana
dobro toa ne e nesto golemo castenje. i jas sega se operirav pa mi donesoja mene sok, i mm kupi i sok za sestrite koi bea treta smena.. toa nikoj od niv ne go bara. problem e ako potsvesno znaes deka deka doktorot ke ti pobara pari...

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:23:00   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels

ајде бе мамички,сме добиле бебчиња најубави,частиме се живо и диво,роднини,пријатели,колеги,комшии,па зарем не ви прави мерак да ги почастете и оние што биле покрај вас и внимавале на вас и вашето најмило во најкритичните мигови.Јас со мерак го направив тоа (само да кажам ниту сум медицинско лице,ниту пак имам некој близок што работи по клиникиве) user posted image

Mene najiskreno ne mi bese milo da gi pocastam,ama moive zapnaa demek eee kako dete u raka ti davaat kako so prazni race...zosto??od nekulturni i drski i neznam ti kakvi sestri koi treba vo najteskite migovi da ti bidat potpora,podrzka i pomos tie se odnesuvaa kako Djekovi,kako da sme stoki a ne taze majki ..
imam uste za zborenje ama idam kafe da pijam

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:23:11   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels

ајде бе мамички,сме добиле бебчиња најубави,частиме се живо и диво,роднини,пријатели,колеги,комшии,па зарем не ви прави мерак да ги почастете и оние што биле покрај вас и внимавале на вас и вашето најмило во најкритичните мигови.Јас со мерак го направив тоа (само да кажам ниту сум медицинско лице,ниту пак имам некој близок што работи по клиникиве) user posted image


(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:35:18   
mommy_angels RR
на здравје кафе Михаела 2010 , има и такви ситуации,ама јас пак супер си поминав,дека бев со царски со спинална дури и ме покрија колку што сакав дека ми беше ладно ,а посебно ми се допадна што докторката беше многу внимателна и ги опоменуваше сите околу неа за се што работат,ми даде многу корисни совети за после породувањето,сестрите се однесуваа со почит,педијатарот во државна детално ми ја објасни состојбата на детето,ама ете може јас имав среќа па да ми се погодат фините на смена user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:41:29   
Maca25
И мене ми е многу непријатно и глупо да дадам подарок на доктор. И што да му кажам: Еве нешто од мене, фала што си ја вршите вашата работа (работа за која сте платени)?!?!?
Јес да тоа тешко дека ќе се искорени од кај нас, поготово кај постарата популација, ако им се заврши некоја работа да одат со кафе и колачи и сок кај доктор/сестра и да се заблагодарат, ама па ние младите можеме да го смениме тоа. Тој само си ја врши работата и тоа е тоа.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Вода за деца.
пеперутка16

Мамички, колку месеци варевте вода за вашите бебиња?