Еца
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Фебрилните напади не треба да се мешаат со епилепсија. Овие напади не се предизвикани од температура. Епилепсијата се манифестира со бројни облици на напади , кои настануваат како резултат на промени во мозокот. * Најзачестени се т.н. „големи" напади, кои се слични на фебрилните напади , но причината , текот и исходот се разликуваат. Постојат облици на епилепсија, кои се состојат во краткотрајно ненадејно губење на свеста, краткотрајно прекинување на вообичаените активности, појава на некои стеретипни активности, а потоа детето како да се разбудува од сонот и продолжува со вообичаената активност. Вакви напади може да се повторуваат во тек на денот. * Втор облик на епилептично реагирање е т.н. парцијална епилепсија, каде постојат емоционални, слушни , видни, мирисни и други феномени после кои останува сметеност и несеќавање за нападот. Дијагнозата на типот на епилепсијата и изборот на одговарачкиот антиепилептичен лек, врз основа на клиничката слика, ЕЕГ наодот и други истражувања ќе ги направи детскиот невролог. Некои лекови може да потенцираат или предизвикаат напади? ДА! * Тука спаѓаат амфетамини ( лекови за подобрување на концентрацијата), антихистаминици (лекови против алергија), изонијазид, метронидазол, налидиксна киселина (антибиотици), орални контрацептиви, антидепресиви, винкристин ( цитостатик), аминофилин и др. доколку се предозираат. * Не смее нагло прекинување на антиепилептиците. Одвикнувањето е долг и чувствителен процес. При нагло прекинување околу 20-50% добиваат повторен напад или епилептичен статус. ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца Епилепсијата (или церебрална пароксизмална дизритмија - почесто употребуван термин кај децата) е хронична болест на мозокот, која се карактеризира со повторувачки конвулзивни атаки поради промени во мозочното ткиво. Причините се различни: генетичка предиспозиција, развојни аномалии на мозокот, породилни трауми, повреди на главата, мозочни тумори, крвавења во мозокот. Од причините зависат прогнозата и развојот на детето. Кај некои деца конвулзиите се губат со растење, но кај другите пароксизмите продолжуваат и во адултниот (возрасниот) период.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|