Еца
|
..Би започнала од една хиперактивност на детето за која многу родители не сакаат да се соочат со вистината велејќи дека нивното дете е живо, темпераментно , тврдоглаво размазено и неспретно. Но станува збор за едно ментално пореметување (attention deficit hyperactivity disorder, ADHD) кај детето кое пати од хиперактивност. Ваквото дете не успева да се организира,ги губи работите, не може да чека во ред, не е стрпливо,ја напушта школската клупа во текот на часот и секогаш е спремно некаде да тргне, да оди. Првото сознание за своето дека родителот ќе го добие во предучилишната установа или училиштето од неговата воспитачка или учителка искажано како примедба дека понашањето на детето е проблематично иако се работи за дете кое е многу паметно, но со неговата нестрпливост прави мал неред во наставата. Кај вакви деца не помагаат казните а во секое одделение седи некое хиперактивно дете со овој проблем на синдром на пореметување на вниманието. АДХД синдромот се јавива кај малите деца и 12 % се јавува во училишниот период. Педијарската епидемиологија од овој синдром забележува поголема појава кај момчиња, три пати поголем во однос на девојчињата. Сепак се појавува некаде од втората и третата година од животот, но тој не е препознатлив се до поаѓањето во училиштето, бидејќи дефицитот на вниманието доаѓа до израз во училницата , каде што детето не може да го задржи вниманието на предавањето и не може да седи во училишната клупа подолго од 45 минути и не може да се фокусира на училишните задачи. За овие дечиња карактеристични симптоми се импулсивноста и хиперактивноста , со други зборови детето не успева да се организира, премногу зборува,на прашањата инстинктивно одговара,го прекинува соговорникот,се наметнува на другите,често е раздразливо, бесно реагира на родителските забрани и наредби,агресивно е кон врсниците и нема трпение да седи во училишната клупа. Споменатите симптоми се јавуваат најмалку во две средини во училиштети и домот.Траат околу шест месеци и воглавно се манифестираат пред седмата година и доведуваат до значајни пореметувања, социјални, училишни и работни активности.Освен проченката од лекарот , од клучно значење се запазувањата на родителите и учителките од кои се очекува активно учество во третирањето на пореметувањето. Меѓутоа иако дури и во стручните кругови може да се чуе мислењето дека АДХД не е озбилно пореметување, туку палавост на детето кое ќе помине само по себе, студии на психијатрите зборуваат спротивно. АДХД е прифатен како медицинска состојба која има биолошка основа. Во мозокот кај децата со ова пореметување има дефицид на два неуротрансмитери-допамин и норадреналин и исто така е утврдено дека има улога и наследноста. Родителите се советуваат да побараат помош од психолозите , дефектолозите и детскиот психијатар. Освен нив во лечењето треба да учествуваат сите, родителите, учителката и блиската околина. Лечењето на хиперактивниот синдром постепено се прилагодува на секој пациент и подразбира примена на психолошки, едукативни и социјални методи а доколку е потребно и лекови. Инаку овој лек кој се користи за лекување на хиперактивниот синдром се издава на дупли рецепт, а неговото издавање се проверува во случај родителите сами на нивна одговорност да не го дијагностицираат синдромот и ги лечат своите деца.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|