LoveableMe RR
|
Јас ја гледав и претходната сезона на шоуто на Сител, супер беше, имаше повеќе познати пеачи и мене ми беше малку поинтересна од оваа. Инаку ја следам сега и оваа сезона, многу од лицата не ги знам претходно и не знам какви се како глумци, пеачи, изведувачи и сл. Наша Елена знаеме колкави способности има, но добра е, такви улоги и наоѓаа мислам ко намерно разголени , е сега за наредново ќе видиме како ќе го емитира Харис Џиновиќ. За другите немам некој кузнае каков фаворит, но ако зборуваме за глас и преобразба, малата Катарина мислам се викаше, таа 16 години е ѕвер во гласот, навистина е најдобра од сите и покажа многу повеќе од искусните пеачи учесници во шоуто. Не знам зошто досега води таа Јелена мислам беше, не дека девојката е лоша, навистина се труди, но мислам Катарина повеќе заслужува. Она што не ми се допаѓа е што водителката, а исто и Иван се многу неотесани во коментарите, провоцираат, ги исмејуваат натпреварувачите и ги преминуваат границите на културно однесување, јас да сум таму кога ќе ги заплескам убаво, да си го приберат јазикот, очигледно никој од уредниците не му текнало да ги подбере да внимаваат како се однесуваат....другите членови на жирито се ок, само тие што ги канат како екстра гости на жирито често доаѓаат неспремни и не знаат ништо за наптреварувачите или кого ќе емитираат, а им се испраќа материјал, што мислам не е фер, бидејќи луѓето толку се подготвуваат се трудат, ги шминкаат и не е фер некој "на гости" да си дојде, па уште и оценка да им даде.... Во принцип поздравувам се што е забавно и што има музика, да нема шаблон серии и тоа па тоа, вака ова е мало освежување во програмата...
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 12.11.2014 15:56:25 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
|