Bethany
|
Михаела, ме изнасмеа со второто , мислам знам дека не беше смешно на странката, ама јас се поштено насмејав Јас си бев смешна сама на себе пред малку. Се избањав, излегов од тушот, се избришав со крпата и земав едно млеко за тело да се мачкам, прв пат со тоа. И си гледам тоа густо некако и си мислам :леле ова сигурно за некоја ептен сува кожа. И си трљам и впивам една нога, друга нога, па и обете раце, и дури тогаш ми стана сомнително да видам тоа млеко ли е всушност. А јас битно видов пишува Body мислејќи дека е Body milk, и не загледав добро, а всушност било Body Wash. И што, ајде Јово наново - пак под туш.
|