Bitolcanka
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори битолчанке, некои твои колешки за ова се ама ај. Во право е Надица - некои се за тоа, ама не сите. Од се има исклучоци. Инаку знам што се има под звањето-наставник, сум видела секакви. Ако и јас сум се определила за таа дејност, не ги бранам, не сум од нивна страна секогаш. За носењето мобилни на училиште виновни се и наставниците, но пред се родителите. Преголема слобода имаат денешните деца, презаситени се од мали, кога ќе пораснат ништо нема да им е интересно... За частењето наставници и јас не сум, но има такви родители на децата од одделенска настава кои, мислејќи дека ќе има подобар пристап наставничката кон нивното дете, и подаруваат подароци (освен цвеќиња, некои носеа и други поклончиња). Слично на поткупот со пари на високообразовните институции - факултетите. А парички за 5-ките не е лошо да добие ученичето, па и ние сме добивале на нивна возраст и сме се радувале. Во ред - не мора да е се во пари, може и да им се купи нешто што посакуваат.
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
|