Melanija RR
|
Молитва на сопружниците кои немаат деца Услиши нè, милосрден и семоќен Боже, нека по молитвите наши се излее на нас Твојата благодат. Милостив биди, Господи, кон нашите молитви, и спомни си на законот Твој за умножување на родот човечки, и биди ни милостив Покровител, та со помошта Твоја запазено да биде она што од Тебе е утврдено. Со силата на власта Своја, Ти, од ништо сè си создал и почеток си положил на сè што е на светов. Си го создал и човекот по образот Свој и со возвишената Тајна на бракот си ја претскажал Тајната на единството на Христа со Црквата. Погледни, Милосрден, на нас – слугите Твои, кои во сопружничка заедница сме сврзани и за помош Те молиме, плодни да бидеме и синовите на синовите свои да ги видиме, до третото и до четвртото колено и длабока старост да доживееме и во Царството Небесно да се вселиме при нашиот Господ Исус Христос, Кому Му приличи секоја слава, чест и поклонение, со Светиот Дух, во сите векови. Амин!
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
|