blond
|
8 месеци и 19 дена. Си имаме фатено ред за спиење и јадење. Се буди во 8-9 најдоцна. Си лежеме во кревет и се галиме. Некаде накај 9 и пол појадуваме, па по појадокот менеме пелена (бидејќи речиси секогаш кака кога јаде ). Најдоцна до 11.30 заспива завиткан како бебе (рацете припиени до тело), поинаку не сака да заспие. Обично спие по саат и пол до два. Кога ќе се разбуди пак си играме, си наоѓаме нешто занимација, дали песнички , играчки, фрлање играчки зад кревет (е ова му е омилено, откако ќе ги фрле зад кревет се дига на прсти да виде каде се паднати и се смее). Ручекот му е некаде околу 3 и кај 4 пак е во кревет. Спиење пак саат и пол до два. Кога потоа ќе стане, си доаѓа татко му од работа и си играт со него. Најчесто сме шетнати некаде на гости или пак ние имаме гости и така весело си ја поминуваме вечерта. Вечера околу 8 и пол, а заспива помеѓу 9.30 и 10. Се буди навечер за сокче или за цуцето да му го ставам во уста. Многу немирно спие, цел е на вујко му (не знаел да е како татко му, тупани не го будат ). Обожава да јаде сив леб, да го држам за рацете и тој да беснее. Мислам дека за еден месец ќе прооди. Со дохрана почнавме рано, бидејќи немав доволно млеко, а тој не сака да пие млеко, па така си јаде пилешко, телешко, речиси сите зеленчуци ги има пробано и ги јаде. Не е многу по благото, ама чоколадото маф го прави за секунда . Повеќе сака да го јаде нашиот ручек отколку неговиот. Збори тата, баба, тете, дада, а кога ќе му речам ај кажи мама, тој се дери татаааааааа. Најверојатно мисли дека јас сум татаааааааа, а татко му е тата (без долго а на крајот ). Најомилен спорт му е мавањето со нога. Што и да види на земја, дали е шише, чинија, коцка, топка, телефон, тој право го рита и тоа строго со лева нога. Рекреативно се занимава со палење и гасење на светло и прави секогаш кога ќе ја запали струјата. Се држи за креветот и се дига сам, не знае да лазе, знае да покаже каде е носето на мама, имитира звуци (прдење со уста, изговарање самогласки) и има научено неколку песнички т.е знае кога е крајот на песната и почнува да плеска со рацете кога завршувам јас со пеењето . Кога нешто не му е по ќеф одма, ама одма почнува да плаче. И кога ќе му дадам тоа што сака одма се смее, значи глумец невиден е уште од раѓање. Кога имаше само 10 дена ќе влезеше мм и ќе прашаше дали спие, да го бакне пред да излезе на работа, и секогаш, ама баш секогаш (демек) спиеше. Само што ќе ја затвореше мм вратата, он ги отвараше очите Првите три месеци беше неподносливо лошо бебе, но сега е сонце на мама Ај доста пишував, ако ми текне нешто друго, ќе допишам.
|