|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Почнува Макфест!
5.11.2009 20:59:20   
ripce
Пошто сум од Штип...

Вечерва (четврток, 5-ти ноември) започнува актуелново издание на забавно-музичкиот фестивал Макфест 2009, кое годинава по 24-ти пат се одржува во Штип. Фестивалот стартува со дебитанската програма, по што следува првата полуфинална вечер.

Второто полуфинале е закажано за петок (6-ти ноември), а големото финале е во сабота – 7-ми ноември.

На три фестивалски вечери, во Домот на културата Ацо Шопов, ќе бидат исполнети вкупно 37 композиции – 14 во дебитантската и 23 на две полуфинални вечери. Пет најуспешни дебитанти ќе изборат учество во една од двете полуфинални вечери.

Бидејќи првата вечер ќе пеат и дебитантите и полуфиналистите, ќе нема дополнителни активности, но веќе по изведените песни од второто полуфинале (на 6-ти ноември), ревијално ќе настапат 7 софистицирани дами на македонската поп-музика: Тамара, Маја Панчева, Сузана Јовчева, Маја Вукиќевиќ, Александра Пилева, Елена Петреска и Кристина Арнаудова.

Го следите овој фестивал? Има некој кој го има гледано во живо Макфест?
Како ви се допаѓа фестивалот?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Почнува Макфест!
5.11.2009 23:25:03   
nadica
го следам на тв а сум била и присутна но како и сите фестивали во мк и макфест е големо наместено случување од кое малкумина имаат корист
водителката (немам ништо лично против неа ама) е една иста застарена со излитени фори како deja vu секоја година истото
сцената мизерна
кај дебитантите однапред се знае победникот ...

но сепак нешто се случува и тие 3 дена е прекрасно во штип кој е во можност треба да отиде

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Почнува Макфест!
6.11.2009 11:29:43   
mother 29
која е водителката?Вера?ауууууууу

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Почнува Макфест!
6.11.2009 11:42:39   
elle
И јас сум од Штип и мислам дека не е макфест тоа што беше некогаш но многу ми се допага раздвиженоста низ градот и атмосферата не знам сега како е зошто не сум тамуuser posted image user posted image user posted image ,а многу си го сакам Штип

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Почнува Макфест!
7.11.2009 23:46:28   
ripce
Според мене заслужена победа за Ристо, Дуле и Коки. Песната се издвојуваше од останатите. Добра музика и добар текст, навистина оргинално. Браво! Имаше и други добри песни... иако на големо се шушкаше дека Макфест ова година нема да се одржи сепак во глобала ми се допадна како изгледаше фестивалот.





(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 5
   Македонски Радиски фестивал- МАРС 2009
24.11.2009 9:14:35   
Еца
Изборот за највртен радиски хит на годината може да започне. Четириесеттина радио-станици ширум Македонија до Центарот за организирање приредби Универзална сала, кој и годинава е организаторот на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2009 ги испратија своите листи со најслушани домашни хитови.

Од шестотини селектирани песни од над сто изведувачи, по пат на пристигнатата радио-селекција 15-те најзастапени во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2009 во трката за избор на радиски хит на годината.


--------------------------------------------------------------------------------------------------

Познати сите учесници на МАРС 2009!

Петнаесет композиции влегуваат во трката за победник на второто издание на Македонскиот радиски фестивал (МАРС), на кој ќе се избираат најпопуларните радиски хитови во изминатата година, што ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот во Универзалната сала.

Меѓу финалистите се најдоа:

Наде Талевска - Осамени

Роберт Билбилов -
Јас те губам

Влатко Илиевски - Најбогат на свет

Адријан ГаџаСкандали

Браво бенд Девојко

Паркети и Ања Ветерова - Јас те сакам тебе

Ѓоко Танески - Никогаш доста

Некст тајм - Нешто што ќе остане

Нокаут - Африка

Врчак и ДНК - Пази се од мене

Александар Митевски - За век и векови

Влатко Лозаноски - Блиску до мене

Сања Лефкова - Пауза па плеј

Дарко Илиевски - Ти можеш

Димитар Андоновски - Заробени во сон

Кој споре Вас треба да ја понесе победничката титула? Имате ли Вие ваш фаворит?


< Поракaта ја уредил Еца -- 24.11.2009 9:15:08 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Македонски Радиски фестивал- МАРС 2009
24.11.2009 9:43:14   
profesorica
Дааааа мој фаворит е Ѓоко Таневски со Никогаш доста, не е очигледно?????

омилена песна ми е, многу го сакам, го обожавам како и песната Никогаш доста.

а тоа е вечерва во Универзална?па баш би сакала да присуствувам ама тешко.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Македонски Радиски фестивал- МАРС 2009
24.11.2009 21:36:30   
Еца
еве сега во моментот го следам.Како и да е, сите песни се убави, тешко за која да се одлучамuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Македонски Радиски фестивал- МАРС 2009
24.11.2009 22:14:34   
Mila na mama
Ѓоко Таневски, Некст тајм и Влатче Илиевски

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?