|
RE: Его, комплекси, фрустрации 17.10.2012 12:47:23
|
|
|
|
SkCura77
|
Се фрустрирам што сум немоќна да решам некои ситуации -финанскиски, станбени, здравствени... Егото ми е преголемо само ако сум лично и директно нападната за некоја моја лична особина, навика или однесување што не пречи на други, а некој ќе се сети да ме загњави од типот на - од кај сеа тоа ти текна, а зашто така правиш, а зашто така мислиш и сл - а воопшто не е ни замешан, ниту трпи влијание од моето делување. Имам комплекс за мојот надворешен изглед, зашто се запустив од немање време и пари да се средам, не толку за фризери, шминки и гардероби, колку прво за средување заби, па се друго. Најмногу пукам кога треба да трпам луѓе што се здодевни, нападни, љубопитни, наметливи, а баш мислам дека е мое право ако сакам и во ѕид да гледам, дека баш тоа ми се прави баш тогаш! И сум параноична за мојата приватност само зашто во последно време ми се обесија љубопитни фаци без кои се може, а не знам зашто баш мене ме одбрале за предмет за проучување! А од туѓо искуство сум приметила една работа - на кого не му е арно во сопствен живот, дали по дома, дали за работа, дали за љубов, на истата тема се опседнува со другите луѓе и пљука по тоа, ако некој нема дечко, тешко нас мажениве, ако некој нема работа, све по канцеларии и шалтери се к*рви, ако некој не е убав, сите се вештачки кукли и сл. Ако веќе се споредувате, тоа треба да биде мотивација и можно решение, а не причина за нервоза, гнев, лутина. Животот е еден, убав и краток, дајте да си поминеме убаво сите И да не заборавиме дека сепак сите сме ЛУЃЕ
(Одговор на членот Ikana)
|
|
|