|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:01:35   
penelopa
Нумерологијата - "Јазикот на броевите" - гледа на броевите како на симболи, па со анализа може да се утврдат одредени правилности во нивното делување.
Нумерологијата ги "чита" броевите преку датумот на раѓање на една личност (како што го прави тоа астрологијата - "Јазикот на ѕвездите"). Нумеролошката карта (нумероскоп) - ги содржи вашите карактеристики - карактер, темперамент, начинот на којшто гледате на себе, како ве доживуваат другите, кои се вашите потенцијали, предизвици, "лекции" во животот. Нумеролошка прогноза за годината која е пред вас - на личен план (љубов, брак). На деловен план - работа, финансии. Таа е налик на "возна карта" кога патувате во непознат крај. Укажува на можностите, патоказите и ви го олеснува животниот пат со помалку напор да стигнете до саканата цел во одреден период. Нумеролошката карта со прогноза нема за цел да ве детерминира, бидејќи вие имате ваша слободна волја. - Изборот е ваш.
Нумерологијата што ви ја презентирам има корени од големиот математичар Питагора и неговите ученици - питагорејци. Според него, броевите се и симболи - со одредена вибрација и со одредени карактеристики. Колку е точно "читањето на броевите како симболи" - проверете сами.
Секако, не ви препорачувам да ја гледате како на забава, бидејќи во тој случај таа за вас ќе нема практично значење, а ниту мојата намера не е да ве забавувам.
- Кој е првиот чекор?
Соберете ги броевите од денот плус месецот на датумот на вашето раѓање.
Пр. 26.09. = 2 + 6 + 0 + 9 =17
17 = 1 + 7 = 8
Собирате се додека не добиете едноцифрен број.
- Втор чекор
Добиениот едноцифрен број соберете го (се до едноцифрен број) со бројот од годината што доаѓа 2010.
Пр. 8 + 2 + 0 + 1 + 0 = 11
11 = 2
Добиениот број е - "Вашиот годишен циклус".
- Еве што може да очекувате, планирате, реализирате во 2010 (накусо, бидејќи за секој поединец со пообемна анализа се добиваат и повеќе податоци).
Бр. 1
Ова е период на "нов почеток" за вас. Пред вас годинава се отвораат повеќе нови можности на полето на едукацијата или работата. Ќе треба добро да се организирате за да не "трчате на сите страни" - така ќе може да ги искористите вистинските можности. Многу нови познанства, дружења, соработка во која е добро храбро да преземете иницијатива. Ова е број на лидери (проблем е ако сте колебливи). Реални можности за патувања, брзи одлуки - поради шансата што, можеби, нема да ја имате другпат. Динамичен период - не е добро да се изолирате.
- Љубов - Можност за нов почеток. Во постоечката врска - внесете промени и живост.
Бр. 2
Чувствителна и прилично колеблива година, период за соработка повеќе отколку за индивидуалност. Потребата повеќе да настапувате со емоции отколку рационално може да се доведе до непотребни конфликти со вашите блиски. Чувството на ранливост може да ви донесе реални, но и замислени непријателства. Не е добро да носите избрзани заклучоци, а подоцна да се каете.
На работа бидете пријателски настроени, помогнете или побарајте помош ако ви е потребна. Да се истакнувате премногу како индивидуалец во оваа година не е многу пожелно.
Љубов - 2 е пар, љубов - брак - изборот е ваш, а периодов е поволен.
За оние што се во "брачните води" - ве очекуваат бранови, но и бура - во тие моменти подобро е да почекате невремето да се смири, а потоа да одлучувате - реално.
Бр. 3
Ова е динамичен период, поволен за креативности, медиуми, политика. Ќе имате чувство дека сакате се да постигнете, а притоа и добро да се забавувате (иако животот не е секогаш игра и песна). Вашиот оптимизам годинава ќе ви донесе и повеќе успех. Време за храбри настапи и планови, нешто одвнатре ќе ве води и нема да згрешите. Прифатете нови предизвици, па и да ризикувате (во одредена доза). Можностите ви се отворени. Некои ваши планови ќе се одвиваат поинаку - но, сепак, повеќето ќе бидат успешни.
Љубов - Не бидете себични, споделете ја својата љубов со партнерот.
Бр. 4

Време за планови (долгорочни), реализацијата и нема да оди толку брзо, затоа бидете упорни и истрајни во работите што се за вас важни. Годинава ќе научите што е трпение, ако предвреме се откажете поради повремените пречки од околностите - самите сте виновни. Сега не е време за успеси "преку ноќ". Одете чекор по чекор со реализацијата. Бидете упорни, но не и тврдоглави. Ова е добро време за - "бавно, ама сигурно до целта".
Љубов - Големите планови имаат помали шанси за реализација годинава. Не правете големи промени (одлуки) - освен ако не се неодложни. Бидете порелаксирани кон својот партнер (птицата во "кафез" сака да одлета)
Избор. Вечер.
Ајде да видиме каква година ве чекаuser posted image
Мене ми испадна бр. 2 user posted image

< Поракaта ја уредил penelopa -- 19.12.2009 14:02:04 >


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:05:28   
April
Зошто нема бр. 8?

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:07:47   
penelopa
Хахаха продолжува утреuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:08:39   
arh_diz
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image i na mene mi trebase 8

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:08:48   
Еца
пишува дека ќе продолжи, штом ќе го има, ќе го поставимеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:08:50   
April
 OK user posted image

со нетрпение ја очекуваме следната епизода user posted image

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 14:11:24   
Еца
user posted image јас ќе го чекам бројот 6 user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 17:32:28   
Mila na mama
user posted image  Ух прекрасно предвидување. Значи ме очекува убава и успешна 2010.user posted image user posted image user posted image

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 18:15:35   
profesorica
spored ova me ocekuva uspeh vo novata godinauser posted image user posted image user posted image  daj boze..

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
19.12.2009 19:20:29   
delfinka
sakam 5ka!

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Вашите можности во Новата 2010 година
26.12.2009 9:06:11   
penelopa
Бр. 5
Година во која ќе сакате да бидете во центарот на случувањата, но и во центар на вниманието што воопшто не е лошо (ако не претерате). За разлика од минатата година во која моравте да вложите многу труд и напор сега - опуштено. Повеќето можности сами ќе се појават пред вас, а вие не плашете се од предизвикот. Ова е и "време на пари", екстра заработувачка, добивање дарови, пари или имот. Не дозволувајте премногу да ве понесе сјајот, па да бидете со "главата во облаци". Повремено погледнете пред себе.
Љубов - Бидете искрени кон себе и кон саканата личност иако ќе ви се чини дека "туѓото е поубаво". Не заборавајте - можеби свесно или не ќе повредите некого ако не ви се сериозни намерите. Простете или побарајте прошка ако е тоа добро за вас. Бр. 6
Ова е година на амбициозни промени и можности за напредување или промени во работата (работното место). Одлична година за семеен бизнис. Избегнувајте отворени расправии во блиското семејство (или со блиските соработници) освен ако не се конструктивни и за ваше добро. Немојте премногу да критикувате. И вашата самодоверба сега е на "тест". Можеби е навистина време за промени и повеќе оптимизам за да успеете, не зависи се од другите и вие одлучувате. Посветете повеќе време на себе и на вашите блиски, ако досега ги запоставивте.
Љубов - Поволно време за стапување во брак посебно ако сте биле во подолга врска. А за оние во брак - не правете непотребна криза - обидете се да најдете заедничко решение. Можна принова во домот. Бр. 7
Ова е време да се свртите кон себе, да погледнете во себе. Ова не значи дека треба да се изолирате, но добро е да размислите во мир - со смирен ум и без брзање. Ако се чувствувате незадоволни, веројатно, имате причина за тоа. Ако мислите дека другите и немаат разбирање за вас и вашите желби, потреби можеби сте во право. Сето ова е за ваше добро - променете се во однесувањето, бидете поотворени. Дознајте што сакате, поставете си цел пред себе и почнете да се реализирате.
Промената во вас нема да остане незабележана од околината, а вистинските пријатели (макар и да е еден) ќе ви ја даде потребната поддршка. Сепак, не сте сами.
Љубов - Не мора да ги криете своите чувства плашејќи се дека ќе ве повреди партнерот. Ако и ве повреди премногу - размислете дали сте со вистинската личност. Бр. 8
Ќе се чувствувате силни, полни со енергија, планови, амбиции. Насочете ги правилно и навистина ова е моќен период, но вашата моќ нека не биде против други, а исклучиво во ваша корист. Можности за голем успех, па и заслужена награда. Вашиот буџет ќе се зголеми со некои неочекувани пари (имот). Средување на некои важни документи, можност да направите добар договор. Важни, влијателни луѓе, авторитети - може да ви бидат од помош полесно да дојдете до успех (макар и со добар совет, поддршка или конкретна помош). Проверете ги вашите пријатели - кои се вистинските.
Љубов - Ќе бидете задоволни и на ова поле, повеќе затоа што ќе успевате и во другите обврски. Ако ви се пожали партнерот дека го запоставувате, можеби е во право. Најдете време и за него. Бр. 9
Ќе имате да довршите некои стари - заостанати обврски, бидејќи ова е година на заокружување на еден 9-годишен циклус. А од наредната година - "со нови сили - во нови победи". Затоа годинава бидете вредни и направете "генерално чистење". Отфрлете ги старите - непотребни ставови и размислувања кои извесно време ве притискаат или ве блокираат. Тие што ве спречуваат да одите напред, можеби да започнете нешто ново. Ако пак некои луѓе или настани ве "кочеле" - сега ќе може да ги заобиколите или напуштите (можеби фигуративно, а можеби и вистински). Ако пак тоа ви е само изговор, бидејќи немавте храброст за големи промени - промените, сепак, ќе почнат - сакале вие или не.
Љубов - Време на вистински и важни одлуки. Можности за брак или ..."Животот носи пречки, но и можности. Тој е Судбина, но и Слободна волја - на секој поединец. Тој ти дава избор, но ти одлучи".

- Среќно -

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 11
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?