Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Стомакот расте и многу трудници велат дека се чувствуваат како слон, нилски коњ или кит. Матката е веќе 12,5 см. над папокот. Големиот стомак се повеќе смета при движењето, тежиштето веќе долго време е поместено, а тоа може да предизвика проблеми со рамнотежата. Совет до крај на бременоста е: движете се полека и пред се со чувство. Рамнотежата знае да биде проблематична најчесто во тоалетот, затоа бидете посебно внимателни кога се туширате. Иако ова изгледа како почетничка грешка, многу трудници во последните недели од бременоста бараат помош од доктор, токму поради паѓање во тоалетот.
Никако не се откажувајте од шетањето. И тука треба внимателно. Како сигурносен појас може да ви послужи идниот татко.
Во овој период идните мајки многу размислуваат за породувањето кое се ближи. Дали породувањето навистина е толку болно? Ќе можам ли јас тоа? Кога морам во породилиште? Како ќе ги препознаам контракциите? Како да ги мерам? Што да направам ако ми пукне водењакот? Како воопшто ќе знам дека ми пукнал водењакот?
Тоа се само некои прашања кои се вртат во глава на идната мајка. И сите се потполно оправдани. Тука наместо одговор на првото прашање ќе ви понудиме совет. На вас оставаме дали ќе го послушате.
Никако и никогаш не ги слушајте приказните (секоја чест на исклучоците) на жените кои ги опишуваат своите породилни искуства. Верувајте, тие приказни се толку зголемени, а вам само ќе ви наштетат ако ги земате здраво за готово. Дали некогаш сте слушале машки приказни за служење на воениот рок? Е па женските приказни за породувањето се женска варијанта на машките војнички приказни. Породувањето е сосема природен процес и што подобро на него се подготвите (посебно е важна психичката подготвеност) тоа поубаво. Да, добро прочитавте, породувањето е убаво искуство. Ви советуваме да се препуштите на рацете од искусните бабици и слушајте ги нивните упатства. Бебето така брзо ќе стигне во вашите раце.
Одговорите на сите прашања за породувањето и грижата на бебето веројатно веќе сте ги добиле во школата за идни родители. Ако сеуште не сте биле на предавања, сега е навистина крајно време да тргнете.
Плод во 32. недела
Тато во 32. недела
Слични артикли:
Рубеола
Претходна недела: 31. недела
Следна недела: 33. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со ...
Каде исчезна мојот сексипил по породувањето?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога повторно ќе се чувствува...
Зошто градите стануваат чувствителни во бременоста?
Чувствителните, отечени или болни гради се меѓу најраните знаци на бре...
Што е менструален циклус и како функционира?
Менструалниот циклус е природен процес во женското тело што го подготв...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи ко...