|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Мама во 29. недела



Дали воопшто се сеќавате како ви беше пред да забремените? Гардеробата од тоа време стои во плакарот додека вие ги броите деновите и се прашувате ќе влезете ли повторно во своите омилени нетруднички панталони. Без грижа, доење, обврски околу новото семејство, а најмногу долгите прошетки ќе се погрижат вашите панталони повторно да ви бидат точни.

Осипот кој се јавува на деловите на кожата која најмногу се растегнува, нека ви биде предупредување дека на кожата и треба повеќе влага. Не заборавајте на мачкање со хидратантна крема, крема против стрии, па дури и маслиново или бадемово масло. Уште подобро тоа да го направи идниот татко.

Додека матката расте, во нејзината околина има се помалку место за останатите органи. Како што веќе кажавме поради тоа може потешко да дишете, може да ве боли грбот и нозете, да ве мачат киселини или да имате проблем поради бавниот метаболизам. Тие проблеми можете да ги ублажите со правилна исхрана, правилно држење на телото и редовни физички активности. Секако, не заборавајте да одморите.

СОВЕТ: Постојано ја нагласуваме важноста на одморот, движењето и правилната исхрана, а при тоа забораваме како е тешко да се постигне тоа. Напорен работен ден на работа најчесто е главната причина за да се постигне оваа цел. Но, со малку труд можете да постигнете извонредни резултати. За ужината (најпрактично е овошје или јогурт) погрижете се уште од дома и понесете ја со себе. Во текот на работата повеќе пати протегнете се, направете неколку чекори и при тоа дишете длабоко и истегнете ги рацете. Ако можете излезете на чист воздух (за некои тоа е илузија). Понесете ја својата омилена чаша и шише од 1,5 л за вода. Внимавајте чашата да е секогаш полна, а на крајот на денот и чашата и шишето да бидат празни.

И уште ова: никогаш никому немојте да дозволите да ве повреди. Таков стрес сега не доаѓа во план. Уверете се самите себе дека сега е најважно само бебето, кое расте во вашата матка.


Прочитајте уште


>>  Плод во 29. недела
>>  Тато во 29. недела



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?