|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Плод во 29. недела



Плодот полека се подготвува на живот надвор од матката. Главата е веќе целосно пропорционална во однос на останатите делови. Мозокот веќе може да контролира примитивен начин на дишење, а веќе се грижи и за рамнотежата на телесната температура.

Според стручните лица плодот покрај чувствителноста на звук и светлина го развил и сетилото за вкус и мирис. Што може да намириса и вкуси, за жал не знаеме...

Движењата на плодот сега ќе ги чувствувате поинаку. Додека имаше многу простор правеше секакви работи, а сега неговиот животен простор е толку мал што веќе не може да се врти. Затоа сега чувствувате помалку движења, но има удари на лакт, колено или газе. Во овој период на идните мајки им се препорачува да ги следат движењата на плодот. Секој ден би требале да бидат барем 10 во периодот од 8 до 17 часот. Иако не е потребна таква прецизност. Важно е плодот да го чувствувате во текот на целиот ден. Сепак внимавајте! Не заборавајте дека плодот и спие, па тогаш обично е мирен. Да не кревате паника без потреба.

Плодот во овој период мочка во плодовата вода секој ден по половина литар урина која нормално е стерилна, баш како и самата плодова вода.

И да ја кажеме уште тежината на плодот, која сега е 1, 16 килограми.


Прочитајте уште


>>  Мама во 29. недела
>>  Тато во 29. недела



Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?