Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Тато, каде си? На мама и треба масирање на табаните.
Во овој период внимавајте на знаците кои укажуваат на прерано породување. Не сакаме да ве плашиме, но добро е да внимавате на промените и во случај да се појави некој од знаците веднаш барајте помош од доктор.
Стомачето и понатаму расте и сега можеме слободно да го наречеме стомак. Но, засега сеуште не е толку голем за да ви смета и да се чувствувате непријатно. Сега сте во период кога е убаво да ги прошетате продавниците за детска опрема и гардероба. Веројатно се чувствувате по малку изгубено, бидејќи не знаете што ќе ви треба, кој број облека за новороденчето, колку и какви пелени ви требаат. Основната одлука која треба да ја донесете е дали ќе користите пелени за еднократна употреба или за малото газе ќе употребувате памучни пелени. И двата вида имаат свои предности и мани, а одлуката е само ваша. Ве советуваме да почекате со купување додека не тргнете во школа за идни родители. Таму ќе ве посоветуваат што и како да купувате. Во повеќето такви школи имаат подготвен список за сите потребни работи за новороденчето. Ако се ориентирате според него нема да погрешите. Во спротивно може да се случи да купите многу работи кои нема ниту еднаш да ги употребите.
<
Повеќе
Периодот на растење и брзо добивање на тежина продолжува. Сега плодот веќе има преку 700 грама.
<
Повеќе
Додека и правите друштво на мама при изборот на детското ормарче, не заборавајте да ја потсетите за количка и седиште за во кола, кои на новиот член на семејството ќе му требаат уште при излегување од болница.
<
Повеќе
Сакате да погледнете добар филм, можеби комедија или хорор? Без разлика, можете да си направите филмска вечер. Сами, со партнерот или во друштво. Изборот на местото ви го оставаме вам- кино или дома. Овој пат ви советуваме да ги прескокнете грицките и да си дозволите само сок.
забава Бремените
Автор: bobik
Нахранете го вашето тело по породувањето
Периодот по породувањето е време на закрепнување, прилагодување и нови...
Планирате бременост? Избегнете ги овие чести грешки
Одлуката да се прошири семејството е возбудлив чекор, но понекогаш пат...
Облека што може да се носи и по породување
По породувањето, телото поминува низ многу промени, па удобноста стану...
Зошто движењето е важно во бременоста?
Бременоста е период во кој телото поминува низ бројни физички и хормон...
Планирате бременост? Започнете со вашиот циклус
Следењето на менструалните и плодните фази може да ви помогне да ја ис...