Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Уф, повтoрно ме удри! Слободно удирај, колку што можеш посилно. Така барем знам дека си добро.
Braxton-Hicks контракциите се сосема безопасни грчења на матката кои се појавуваат во нередовни интервали, а со нив матката се подготвува за породување. Од време на време ги чувствувате како краткотрајно стегање на мускулите на матката. Доколку контракциите почнат да се јавуваат во редовни интервали, итно морате на преглед.
На што ве потсетува вашиот стомак? Некои мамички велат дека исто како да изеле фудбалска топка, а некои лубеница, накратко, секоја има свои споредби. Можете малку да си играте и да барате свои асоцијации.
<
Повеќе
Прво податоците за тежина и висина: приближно 800 грама и над 32 см. Во овој период се развиваат пред се белите дробови. Минатата недела кажавме за развој на жилите во белите дробови, а сега им се приклучуваат и воздушни меурчиња. На внатрешната страна на меурчињата се излачува материја која овозможува плуќата при дишењето да се шири на начин кој одговара.
<
Повеќе
Идната мама понекогаш тешко наоѓа положба која и одговара за спиење. Можете да и помогнете ако и донесете повеќе перници кои ќе ги стави под стомакот и нозете. Посоветувајте ја една перница да стави меѓу колениците. На некои татковци при крај на бременоста им останува многу малку простор во креветот. Во него царува мама, потоа нејзиниот стомак и многуте перници. И знаете што, ни случајно не смеете да се пожалите!
<
Повеќе
Овој викенд разгалете се. Идниот тато нека ве носи некаде во непознато. Планот на патот и активностите препуштете му ги нему.
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни здравствени навики пред планирање бременост
Планирањето бременост започнува со грижата за телото и менталното здра...
Како доењето помага во враќање на тежината?
По породувањето, многу жени се прашуваат кога и како телото ќе се врат...
Зошто баба и дедо се толку важни во детството?
Во свет каде што децата растат опкружени со технологии, брзо темпо и п...
Предконцепциски преглед, зошто е важен?
Предконцепцискиот преглед е лекарска консултација што се прави пред пл...
Зошто мојот стомак има „нерамнини“ во бременоста?
Многу трудници забележуваат дека стомакот не расте рамномерно, туку по...