Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Бременоста напредува со неверојатна брзина! Матката расте и сега е голема како грејпфрут. А кога сме веќе кај грејпфрутот, дали денес јадевте некоја витаминска ужина? Не заборавајте дека здравата исхрана се уште е на прво место!
Хормоните се смируваат и резултат е подобриот изглед на кожата, а пред се мачнините се губат. Јуху! И одењето во тоалет се уште е во граници на нормалата, а големиот замор кој ги мачеше некои мамички исто така се изгуби. За жал, цревата се уште се полни, затоа варењето е многу бавно. Не заборавајте на чаша вода секое утро и на исхрана која содржи многу влакна. Стоп на белиот леб, крофните и слатките тортици кои дополнително го отежнуваат метаболизмот на трудниците. Со влакната можете најдобро да го подобрите варењето.
Во овој период кај некои трудници се јавува таканаречената linea negra, темна вертикална линија која се протега од врвот на стомакот до срамната коска. Настанува како резултат на зголменото дејство на естрогенот врз меланоцитите, клетки кои го произведуваат кожниот пигмент – меланин. Темната линија по породувањето се губи. Некои трудници приметуваат дека и жилите на градите стануваат се поизразени и брадавиците потемни. Сето тоа е дел од подготовката на градите за доење.
За подготовка на млекото ќе се погрижат: естрогенот, прогестеронот, окситоцинот и пролактинот. Градите се зголемуваат и поради развој на нови млечни патишта (поради кои можат да се појават плави вени), а освен тоа во нив дотекува и повеќе крв. На некои идни мајки од брадавиците веќе им тече бистра течност.
Тоа е колострум, прв облик на млекото и дополнителен показател дека градите се подготвуваат за хранење на новороденчето.
Плод во 14. недела
Тато во 14. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 13. недела
Следна недела: 15. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...