Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Што имаат заедничко трудница и средношколка? Полудени хормони.
Во овој период кај некои трудници се јавува таканаречената linea negra, темна вертикална линија која се протега од врвот на стомакот до срамната коска. Настанува како резултат на зголеменото дејство на естрогенот врз меланоцитите, клетки кои го произведуваат кожниот пигмент – меланин. Темната линија по породувањето се губи. Некои трудници приметуваат дека и жилите на градите стануваат се поизразени и брадавиците потемни. Сето тоа е дел од подготовката на градите за доење.
Бременоста напредува со неверојатна брзина! Матката расте и сега е голема како грејпфрут. А кога сме веќе кај грејпфрутот, дали денес јадевте некоја витаминска ужина? Не заборавајте дека здравата исхрана се уште е на прво место!
<
Повеќе
Исто како и бременоста и плодот неверојатно брзо напредува и се развива. Сега е голем дури 12,5 см. Плодот и понатаму мочка, а одвреме навреме вежба и дишење така што голта плодова вода, го поместува градниот кош, а со тоа и белите дробови кои во овој период се во фаза на најголемо развивање.
<
Повеќе
Дали ве интересира како изгледа вашето дете во матката? Пред некое време е објавена книга на Стјуарт Кембел со наслов »Погледни како растам!«. Во неа е прикажан тродимензионално развојот на плодот по недели на бременоста. Многу интересна книга! Можете дури и да ја подарите.
Повеќе
Денес бањата е само ваша. Купете масло, миризливи свеќи, пенлива купка, маски за лице и разгалете се. Влезот во бањата за непоканети - забранет е баред два часа.
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...