|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто никогаш да не ги оставате децата во автомобил?

Редакција Рингераја, 8.7.2021
Дали знаевте дека температурата на телото на двегодишно дете може да се искачи до 40 степени по само еден час поминат во автомобил? Кај децата, телесната температура се зголемува 3 до 5 пати побрзо отколку кај возрасните

image
/11


Овој вид шок на телото може да доведе до топлотен удар, велат научниците од Универзитетот во Аризона кои спроведоа истражување на температури помеѓу 36 и 41 степен, со цел да утврдат колку брзо автомобилот може да се загрее.
Од шесте тестирани автомобили, по само еден час, температурата над 47 степени е измерена во скоро сите. Под сенка, просечната температура беше околу 40 степени, но по два часа беше исто толку опасна како и на сонце, според студијата објавена во списанието „Температура“
Научниците покажа како воланите на автомобилите се загреваат до 52 степени по еден час, а контролните табли до 69 степени. Истражувањата покажаа дека дури и паркирани возила под сенка можат да бидат смртоносни за мало дете, рече Ненси Селовер, климатолог од АСУ.
Што значи топлотен удар за дете?
Децата доживуваат топлотен удар што може да ги оштети нивните витални и мозочни функции. Ако температурата надвор е 26 степени за 10 минути во исклучен, затворен автомобил, може да достигне 32 степени, а за 30 минути до 45 степени. 
Сепак, при голема топлина, температурата во автомобилот може да се искачи до 50 степени за само неколку минути. Исто така, ништо не значи ако автомобилот е паркиран во сенка кога надвор се високи температури. 
Кај децата, телесната температура се зголемува 3 до 5 пати побрзо отколку кај возрасните, бидејќи терморегулацијата на нивното тело е послаба. Децата се препотуваат заврзани со појас на седиште во заклучен автомобил. Во овие ситуации, нивната температура може да се зголеми, како и пулсот, тие стануваат немирни, збунети, постепено почнуваат да имаат вртоглавица, главоболка и стануваат летаргични, па наскоро се онесвестуваат.
Според податоците на Националната администрација за безбедно патување, од 1998 до 2016 година, дури 700 деца починале во автомобил од срцев удар предизвикан од голема топлина во автомобил.
Од нив 376 деца биле заборавени во автомобилот од страна на возачот или родителите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Уртикарија кај децата
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгледа алармантно. Уртикаријата, е честа појава кај де...
4
Стандарди за рано учење и развој
Здравјето и добросостојбата на децата се клучни фактори во процесот на растењето и развојот, којшто се одвива во текот н...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Кожата по породување
По породувањето, женското тело минува низ вистинска хормонална „револуција“, а кожата најчесто е првиот орган што го одр...
4




Анкета

dali vredi da se saka
daniel

dali vredat tie minuti tie saati tie denovi tie godini pominati vo polevanje i cuvanje na toa cveke sto se vika ljubov a moze da svene za pomalku i od edna minuta????????????????????//

da vredi (68%)

ne,ne vredi (9%)

zavisi kako gledas na rabotite (24%)


Број на сите гласови: 34

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!