Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Релаксирачка масажа
Малите деца (најчесто без причина), знаат да бидат нервозни. Ако е таков случајот и со вашето дете, употребете ја проверената метода - релаксирачка масажа. Пред да почнете со масирање, намачкајте ги рацете со бебешка крема и полека масирајте го детето со отворена рака, од газето кон главата. Меѓутоа, доколку вашето дете има грчеви, масирајте му го стомачето со кружни движења во правец на стрелките.
Затнато носе
Затнатото носе може да биде главен виновник, што детето не може да заспие. Пред да го ставите да спие (ако е настинато), добро исчистете му го носето со неколку капки физиолошки раствор, задолжително зголемете ја влажноста на воздухот во собата и ставете во газа исечкан кромид во близина на неговото главче. Во собата навистина ќе мириса, но ефектот е одличен.Со половина час ветреење, миризбата веќе нема да се чувствува.
Затвор или свое катче?
Својата соба и креветчето, детето треба да ги доживее како пријатно и сигурно катче. Затоа немојте да ја користите неговата соба за казнување, а спиењето како казна. Обидете се да ја избегнете реченицата: “Ако не бидеш добар(а) веднаш ќе одиш на спиење.” Со тоа нема да постигнете апсолутно ништо, освен страв и несвесен револт кај детето.
Блага топлина на успивањето
“Па додека го држев во рацете ми спиеше. Штом го спуштив во креветчето, веднаш се разбуди.” Доколку оваа ситуација е честа, обидете се детето да го заспиете на перница и заедно со неа да го спуштите во креветчето, бидејќи на вашето бебе сигурно му пречи допирот на ладниот чаршав.
Простор само за него
“Кога е вистинско време детето да има своја посебна соба?” Многу стручни лица сметаат дека најдобро време за тоа е кога детето ќе престане да се буди преку ноќ за цицање. Исто така тие тврдат дека најдобро е да не ја одложувате одлуката, бидејќи детето тешко се прилагодува на било која нова ситуација.
Постарото дете е авторитетно
Вашето дете наполнило две години, а и понатаму се лути кога ќе го ставите во неговото креветче. Доколку има постар брат или сестра тоа е сјајно решение. Познато е дека постарите деца влијаат на помалите, затоа искористете го овој природен авторитет. Наместете ги децата да спијат во иста соба. Постарото дете со своето присуство на многу ефикасен начин ќе го смири “малиот бунтовник.”
Температура во собата
Температурата во детската соба не смее да премине 22 степени.Доколку на детето рацете му се ладни, тоа не значи дека му е ладно. Рацете и нозете како и кај возрасните се точка на ширење на топлината. За да ги загреете рацете на детето, ставете му капче на главата, така организмот нема да има потреба да ја грее главата и енергијата ќе ја насочи кон рацете и нозете.
Освојте го со темнината
Периодот од 2 години е многу напорен и за родителите и за децата. Всушност, тоа е период на првите стравови. Пред да легнете во креветот, земете го детето и гледајте низ прозорецот. Поздравете ги ѕвездите, месечината, набљудувајте ја светлината во другите домови и кажете му дека и таму дечињата одат на спиење.
Не викајте пред спиење
Направете се, пред одењето на спиење во домот да владее хармонија, бидејќи на детето негативно му влијаат караниците и високиот тон.
Машина од соништата
По третата година, непогрешлива метода со која ќе го оддалечите детето од ноќните стравови е да направите “машина од соништата”. Земете стара картонска кутија, обложете ја со колаж, и со ставете копчиња во различни бои. Пред вашето дете да оди на спиење, кажете му да “испрограмира” што ќе сонува, и ќе видите – успехот е неизбежен.
Добра самовила од соништата
Ова е уште една, многу ефикасна техника за опуштање на најмалите. Кажете му на детето дека одите на спиење само поради добрата самовила, која ќе му донесе убав сон. Кажете му дека таа самовила носи сон и на мама и тато. Таа приказна сигурно ќе го опушти и ќе го однесе во сон.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?