|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Забавни факти за спермата

Редакција Рингераја, 24.6.2015
Семената течност изгледа помалку смешно, но е многу покомплексна и поинтересна од што можете да замислите. Колку навистина знаете за овие мали пливачи од кои зависи опстанокот на нашиот вид?

image
/11


 

Семената течност содржи многу, многу повеќе од само сперматозоиди 

Сперматозоидите сочинуваат само околу 5-10% од семената течност. Остатокот е сочинет од богати телесни течности кои изобилуваат со нутриенти кои им помагаат, ги штитат и негуваат спрематозоидите во нивното долго патување до женската јајце клетка.

 

Семената течност содржи толку хранливи материи, што е чудо што не ја јадеме

Семената течност содржи витамин Ц, фруктоза, магнезиум, фосфор, калиум, витамин Б12, цинк, азот и кислород. Се смета дека спермата која просечниот маж ја исфрла при ејакулација содржи исто толку протеини колку и белка од јајце. Сите овие хранливи материи имаат околу 20 калории.  

 

При ејакулација просечниот маж исфрла половина лажица семена течност 

Можеме да претпоставиме дека после оваа информација многу мажи ќе земат лажица за да видат како котираат во однос на просекот. 

 

На сперматозоидите им требаат околу 75 дена за да пораснат во тестисите

Исто како што од мажите се очекува да направат пари, така се очекува и да произведат сперматозоиди, и тоа околу 1500 во секоја секунда. Во просек на малите пливачи им требаат околу два и пол месеци за да се развијат во тестисите.

 

Сперматозоидите можат да преживеат до пет дена во вагината, во зависност од тоа колку е пријателски расположена

Во просек, сперматозоидите живеат околу 24-48 часа во вагината. Но ако киселоста на вагината е благопријатна можат да преживеат и до пет дена пред да исчезнат. Сперматозоидите на лилјаците пак можат да преживеат до 145 дена, што веројатно прави мажјаците лилјаци да се чувствуваат многу горди.

 

Семената течност која не се ејакулира се разложува и реапсорбира во телото

Ако мажот е сексуално неактивен, семената течност се складира во телото без да биде исфрлена. 

 

Мажите никогаш не престануваат да создаваат сперматозоиди 

Иако жените престануваат да произведуваат јајце клетки по менопаузата, мажите континуирано произведуваат сперматозоиди во текот на целиот свој живот. 

 

Добра исхрана = добра сперма

Бројот на сперматозоидите и нивниот квалитет во голема мера се зависни од исхраната на мажот. Храната која помага за производство на здрава, силна и среќна сперма вклучува остриги, банани, ореви, аспарагус, лук, говедско месо и чоколада. Исто така важно е внесувањето доволно течности, бидејќи сперматозоидите го поминуваат својот краток живот потонати во „базен“ кој се создава во тестисите.

 

Лоша исхрана = лоша сперма

Ако мажот сака здраво бебе добра идеја е да ги остави цигарите и алкохолот, и да се држи подалеку од сланина, сирење, крофни, колбаси, газирани пијалаци и сл.


Некои луѓе користат сперма во рецептите

Барем, еден човек го прави тоа. Името на мистериозниот готвач е Фоти Фотенхауер (Fotie Photenhauer) и ја има издадено книгата „Природна жетва: колекција на рецепти со сперма“ (орг. „Natural Harvest: a collection of semen-based recipes“). 

 

 

Вишокот на килограми го намалува бројот и квалитетот на спермата 

Ако Индексот на телесна маса на мажот е поголем до 25, во тој случај големи се шансите сперматозоидите да се побавни, помалку на број и помалку способни да го освојат златниот медал во пливање. 

 

Поголем дел од сперматозоидите се абнормални 

Многу од сперматозоидите имаат две глави или две опашки. Понекогаш нивната глава е енормна во однос на телото. Понекогаш нивните опашки се куси и криви. Според една веб страница дури 90% од сперматозоидите кои се ејакулураат се деформирани. 

 

Голем дел од сперматозоидите не знаат да пливаат право 

Во моментот кога ќе бидат ејакулирани во влажната вагина, само еден од пет сперматозоиди поседува знаење да почне да плива право кон јајце клетката. 

 

Сперматозоидите се или машки или женски 

Сперматозоидите во себе носат или женски X хромозом, или машки Y хромозом, но никогаш и двата. Овој хромозом подоцна го одредува полош на бебето. За машките сперматозоиди се вели дека пливаат побргу, додека пак за женските дека се посилни за време на долгото патување кон јајце клетката. 

 

Сперматозоидите сакаат ладно 

Сперматозоидите сакаат температура за седум степени пониска од просечната температура на телото. Мажите исто така произведуваат повеќе сперматозоиди во зима, отколку во лето. 

 

Сперматозоидите умираат кога им е премногу топло 

Ако мажот поминува премногу време во топли бањи или сауни, евентуално ќе ја претвори својата сперма во милиони сварени јајценца. Тоа може да го намали бројот на сперматозоиди и во текот на наредните шест месеци. Други причинители на смрт поради прегрејување можат да бидат носењето претесна долна облека или ставање на лаптопот в скут. 

 

Некои жени се алергични на семена течност 

Оваа состојба се нарекува хиперсензитивност на семена плазма и предизвикува црвенило, потекување и чешање во вагиналниот предел. 

 

Спермата е добро козметичко средство 

Состојката „спермин“ која се наоѓа во спермата е актиоксиданс кој делува против брчки и акни. Постојат дури козметички компании кои нудат кремови со оваа состојка. 

 

Спермата делува како антидепресант 

Семената течност содржи многу состојки кои се познати по тоа што подобруваат расположението. Дел од овие среќни состојки се кортизол, естрон, окситоцин, пролактин, мелатонин и сератонин. 

 

Мртвиот сперматозоид сепак може да оплоди јајце клетка 

Во лабораториски услови научниците успеале да оплодат јајце клетка користејќи мртов сперматозоид. Наводно се што е потребно за да направи бебе е ДНК. 

 

Честото ејакулирање го подобрува квалитетот на спермата 

Колку повеќе се исфрла, толку посилна и поквалитетна станува. Исто како со вежбањето. 

 

Британските шпиони користеле сперма како невидливо мастило во Првата светска војна 

Името на оваа високо рангирана воена интелегенција која го нарачала истражувањето кое требало да провери дали спермата може да биде ефективно мастило било “Mansfield Cumming.”

 

Безжичната технологија може да ги оштети спертозоидите

WiFi конекцијата потенцијално може да ги оштети и сперматозоидите и јајце клетките. Штетата ја нанесуваат радиофрекфентните електромагнетски бранови. 

 

За добра сперма треба само еден тестис

Мажите кои имаат само еден тестис не треба да стравуваат, тие се уште можат да произведат квалитетна сперма и да се размножуваат.

Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случај најважно од се е соодветното време. Како можеме...
4
Четирите близначки на Гарднер конечно дома!
После 8-годишна борба за зачнување, парот Гарднер од Јута ја прослави првата ноќ со своите 4 девојчиња близначки дома. П...
3
Неплодноста боли...
Боли постојано, боли и не престанува...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali?
Jana9

Dali prvoto dete vi e masko?

Da (40%)

Ne (60%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!