Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
/11
Млада девојка абортирала в петтиот месец од бременоста и веројатно ја заборавила таа случка како лош сон. За тоа време во болницата не знаеле што да сторат со она што се нарекува абортивен материјал, кој на операциониот стол дишел неколку часа. Акушерите без некоја претерана надеж го ставиле детето на реанимација. Докторите тоа девојче го нарекле Богдана, кое сега живее во семејството на Евгениј и Марина Пјанков.
Марина и Евгениј, со својата родена ќерка даша, за прв пат ја виделе Богдана во болницата. Таа две години живеела на инфективно одделение, сокриена од очите на луѓето. Од документи имала само медицински картон со мноштво дијагнози.
"Таа беше многу слаба, како децата од Африка и изгледаше како мече во кафез. Стоеше со слабите нозе во расчекор, се држеше за шипките и се нишаше. Не реагираше кога и прјдовме. Изгледа не знаеше како да ги покаже емоциите. Но кога сопругот ја зеде во раце, таа му се насмевна. Докторот беше изненаден велејќи таа таа никому се нема насмевнато. Кога ја видов таа сцена пмислив - Ова е наше дете" - раскажува Марина Пјанков.
Докторите се обиделе да ги одвратат Евгениј и Марина од намерата, говорејќи им дека детето нема да оди, ниту да зборува.
Кога ја посвоиле Богдана таа имала само шест килограми. Тие ја научиле да јаде, да оди и да зборува. Богдана е сега здраво, нормално и љубопитно дете. Таа постепено учи и ги има истите шанси како и нејзините врсници.
"Кога Богдана ќе наполни седум-осум години, ние ќе и кажеме дека таа има мама која ја сака" - раскажува Марина за идните планови. Биолошката мајка дознала дека Богдана преживеала кога ги потпишувала документите за раѓањето на девојчето. Марина е убедена дека таа девојка ќе сака да ја види Богдана тогаш кога ќе има свое посакувано дете.

4
4
4
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...
Кратки, но ефективни домашни тренинзи за почетници
Не мора да одите во теретана за да бидете активни и здрави. Со само 15...
Како да се подготвите психички за породување?
Психичката подготовка за породување е исто толку важна како и физичкат...
Разводот не е неуспех, туку крај на едно поглавје
Во општество што сe уште го гледа бракот како на нешто што „мора да тр...
Нормален крвен притисок. Кога е висок, а кога низок?
Крвниот притисок е еден од најважните показатели за здравјето на срцет...
Доење.
пеперутка16
Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?