|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Трите чуда со кои Бог ја благослови жената- II дел

Анастазија Терзијева, Јога сојуз на Македонија, 23.10.2010
Јога за бремени жени

image
/31


 

 

ВТОР ДЕЛ


Ако сте доволно мудри и трите чуда наречени “љубов”, “бременост” и “јога” ги споите во едно, тогаш сте тројно благословени. Тогаш се чувствувате жена во комплетна смисла на зборот и ја осознавате моќта која ви е предодредена.

Ако сериозно сакате да ја практикувате јогата прво што Ви треба е стручно водство. Јогате е учење и затоа Ви треба некој кој ќе ви го пренесе тоа знаење. Бремените се критична група, зашто се најчувствителни и потребно им е посебно внимание, затоа е исклучително важно какви упатства добиваат и кои техники им се задаваат да ги работат. Тука одговорноста е двојна и нема место за двоумење и грешки, но таа одговорност ја споделува и трудницата. Затоа не импровизирајте сами со различни вежби, барајте инструктор што може безбедно да ве води низ бременоста и ќе ги согледа вашите индивидуални потреби и можности.

Знам дека е вистинско херојство да се дојде на часот по јога. Не дека некогаш било полесно, но природата на човековиот ум се такви  да секогаш ни се чини дека сегашноста е најтешка, а времињата кои поминаа се најубавите, веројатно само затоа што не можат да се вратат. Затоа се вредни за почит оние кои одвојуваат време за јога. Некои од трудниците ,,трчаат,, од работа право на час, некои бараат кој да им го чува детето дома борејќи се со чувството на вина дека го оставиле, можеби треба и да објаснуваат некому кој не ги разбира што прават, или пак бараат кој да ги донесе и земе после часот зашто живеат далеку од центарот за јога. Но колку повеќе труд вложувате во она што сакате да го направите толку повеќе и ќе Ви биде возвратено и ќе уживате во благодетите и на јогата и бременоста.

Рековме дека јогата е специфична дисциплина која бара водство, но ако навистина е невозможно да посетувате практични часови по јога, можете да го направите следново нешто кое е многу едноставно и корисно. Станува збор за освестување и следење на стомачното дишење кое нема да Ви одземе повеќе од десетина минути.

Стомачно или абдоминално дишење е најприродно, најдлабоко и најквалитетно дишење. Набљудувајте ги бебињата или животните, ќе видите дека дишат токму на овој начин. Но со растењето ни се менуваат животните навики, за жал најчесто на полошо, го губиме контактот со себеси и сопственото тело, дишењето станува поплитко, а со тоа и понеквалитетно. Жените во текот на бременоста со зголемувањето на стомакот и желбата да го заштитат бебето на секој можен начин, ја блокираат целосно оваа зона и тоа се претвора и во губење на чувството за себе што во никој случај не е добро. Вежбата можете да ја практикувате во секое време од денот и во секоја положба. Се што треба да направите е целото Ваше внимание да го насочите на зоната на стомакот и да дозволите Вашето дишење да се случува токму тука.

Но можете тоа да го направите на начин како што се работи на часот по јога, седнати во јогиска асана (сл.1) или ако ви е тешко седењето, легнете со нозете свиени во колената (сл.2). Во која позиција и да сте, поставете ги дланките на стомакот, едната над, а другата под папокот.

Секоја техника на дишење започнува со издишување. Дозволете целиот воздух од градите да излезе. Тогаш дланката го следи движењето на стомачните мускули кон долу ако лежите или кон назад ако седите. Потоа опуштете ги мускулите на стомакот и дозволете да се исполни долниот дел од градите со нов и свеж воздух и во тој момент дланката заедно со стомакот се движат кон горе ако лежите или кон напред ако седите. Внимавајте градниот кош да остане неподвижен. Правете го ова 5 до 10 минути, свесно и континуирано следејќи го струењето на воздухот низ ноздрвите во секое наредно вдишување и издишување. Дишењето се одвива лесно, природно и без никаков напор и кога ќе стане Ваша секојдневна пракса може да се претвори дури и во техника на медитација. Само така ќе ја исполни својата улога, ќе Ве смири целосно и ќе Ве исполни со свежина, нова енергија и бистрина во умот.

 

Би било идеално да одвоите уште 15 минути во кои ќе продолжите со јогиска релаксацијата, во која ќе ги продолжите и продлабочите ефектите кои ги добивте со дишењето. И во тие моменти на мир и спокојство, понирате во Вашата внатрешна тишина и чувствувате дека сте блиску, најблиску до своето бебе. Иако можете да ги почувствувате само неговите движења, неможете да го видите, чуете, допрете, чувствувате како е безбедно во Вашата утроба, обвиено со нежност, топлина и многу љубов. И верувајте само тоа и му е потребно, ништо повеќе ни помалку. Одвојте десетина минути само за вас двајцата, да си кажете дека сте тука еден за друг, тогаш постоите само вие, тоа е целиот Ваш свет и ништо не е поважно од тоа.

 

 

 

Пишува: Анастасија Терзијева Илиева, инструктор по јога

Јога-сојуз на Македонија, www.yoga.org.mk


фото: Александра Адамовска Митковска

Јога-друштво Битола

Девојка родила бебe зачнато пред 24 години
Женското бебе се роди од ембрион што бил замрзнат пред 24 години, па ова најверојатно случај со најдолг период меѓу зачн...
22
Бременост по недели
Сакате да дознаете што се случува со вашето тело, како бебето се развива и расте, како и што се врти низ главата на идни...
7
Абортус - прекинување на бременоста
Под предизвикан абортус се подразбира прекинување на бременоста пред да биде плодот способен за живот надвор од телото н...
5
Знаци на породување
Породувањето е процес низ кој ќе го родите Вашето бебе. Кај многу жени се случува околу 40. недела од бременоста, но ис...
4


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Забременување
Natasa981

Колку време ви требаше да забремените?

до 6 месеци (62%)

од 6 месеци до 1 година (9%)

од 1 година до 1 ипол година (12%)

повеќе од 1ипол година (18%)


Број на сите гласови: 68

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!