Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Урми
Истражувањето објавено во списанието за гинекологија и акушерство (Journal of Obstetrics and Gynaecology) покажа дека жените, кои во текот на бременоста јаделе урми, веројатно ќе имаат многу полесно породување од оние кои не јаделе. Нема да им бидат потребни лекови, а повеќето од нив ќе бидат подобро отворени пред породување и ќе се породат во просек за 7 часа порано. Во нормална бременост, се препорачува да се консумираат по шест урми дневно.
Вежбање и јакнење на нозете
За секоја трудница и за полесно породување важни се вежбите, за трудницата да биде физички подготвена. Жените кои вежбале пред и во текот на бременоста, обично имаат пократко породување. Со вежбањето ја зголемувате издржливоста и полесно ќе го поднесете породувањето. Шетајте, пливајте или посетувајте часови за трудници (секако, по претходна консултација со гинеколог).
Во вежбите е важно јакнењето на нозете. Би требало да стоите, бидејќи така ќе го забрзате доаѓањето на бебето кога ќе започнат вистинските контракции. Затоа ви требаат јаки нозе. Пешачењето е најважно за јакнење на физичката подготвеност и побрзо породување.
Часови
Посетувајте посебни часови за трудници каде ве запознаваат со породувањето, но и со моментот кога ќе дојде бебето на свет. Многу трудници велат дека тоа им го олеснало породувањето.
Повеќе сон
Треба да спиете задолжително повеќе од 7 часа, посебно во последниот месец од бременоста, бидејќи жените кои помалку спиеле, по статистичките податоци, имале подолго породување. Нека ви биде удобно, имајте до себе мека перница, пуштете музика и уживајте.
Лежечка положба и дишење
Ако имате предпородилни контракции, тогаш е подобро да се движите, бидејќи гравитацијата ќе работи во ваша корист. Можете да стоите и да се движите.
Една од поважните работи е правилно дишење. Тоа може да ви помогне да се фокусирате, помалку да мислите на болката и да внесувате повеќе кислород.
забава Бремените
Автор: bobik
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Отворената комуникација меѓу партнерите е основа за длабока интимност ...
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии сек...
Детската игра – повеќе од забава. Зошто е важна?
Кога ќе ги видиме како трчаат, скокаат, цртаат, измислуваат светови, м...
Што значат соништата за време на бременоста?
Бременоста носи многу промени: телесни, емоционални, хормонални. Но ед...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: