Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Секоја од овие мисли трае околу 3 секунди:
Сакам да си играм со телефонот на тато.
Сакам да си играм со чевлите на мама.
ИЗВАДЕТЕ МИ ГИ ЧЕВЛИТЕ ОД МАМА!
Сакам да го вртам термостатот.
Сакам да ја палам и гаснам ламбичката од микробрановата.
Постои ли телефон со кој не сум си играл?
САКАМ ДА ПРИТИСКАМ НЕКОИ КОПЧИЊА!
Сакам да ја кренам мачката држејќи ја за глава.
Сакам да ги истурам четките за заби во лавабо.
УМИРАМ ЗА ЈАДЕЊЕ!
ДАЈТЕ МИ СИРЕЊЕ!
МРАЗАМ ОВОШЈЕ.
Сакам да станам од столица.
Сакам да си играм со телефонот.
Сакам да одам надвор. Не, сакам да се стоплам.
Сакам да ги соблечам панталоните.
Не ми се допаѓа блузата која ја носам.
Сакам да си играм со телефонот на мама.
СЕГА МОРА ДА ПРИТИСКАМ КОПЧИЊА!
Жеден сум.
Не, не вода.
Совршено, сокче. Има да се изнапијам.
Каде е тато?
Каде е мачката?
Каде е мама?
НАВИСТИНА, КАДЕ Е МАМА?
О Господе, мислам дека мама засекогаш си замина.
А еве ја. Сакам да си играм со телефонот од мама.
Пак сум гладен. Нема врска.
Не ми се допаѓаат овие панталони.
НЕ МИ ГИ СОБЛЕКУВАЈТЕ ПАНТАЛОНИТЕ!
Умирам за јадење. Сакам грашок, ама не знам како да им кажам.
Конечно грашок. Уживам да го фрлам.
ЗОШТО И ПОНАТАМУ ГИ НОСАМ ОВИЕ ГЛУПАВИ ПАНТАЛОНИ?
Еј, нова личност. Има ли телефон?
Уморен сум.
НЕ СУМ УМОРЕН!
Сакам да шетам, ама не надвор.
Не сакам да останам дома.
Морам да притискам некои копчиња.
Ја мразам оваа пелена.
Ме чешаат очите.
ВАУ! Ова е мојот прст од ногата?
ОСТАВЕТЕ МИ ГИ ПАНТАЛОНИТЕ!
Ги мразам овие панталони.
Од оваа маица се' ме чеша.
Уморен сум.
Престанете да прашувате дали сум уморен.
Каде е играчката што свири?
Сакам да се бањам облечен.
Пуштете ми ја омилената песна.
Каде е мачката?
Што ми се случува со маицата?
Слушнав куче како лае?
НЕ МИ ЈА СОБЛЕКУВАЈТЕ МАИЦАТА!
Сакам да го видам кучето!
Не надвор! Внатре сакам да го видам.
Дали **рето ми е тука? Добро е.
Се измочкав.
Досадно ми е.
Почнуваме од почеток.
6
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најтешките и најубавите недели од бременоста
Бременоста не е рамна линија туку динамичен процес исполнет со промени...
Што се случува за време на породување? Чекор по чекор
Породувањето е природен, но сложен процес кој се одвива во неколку фаз...
Промени на телото по породувањето
По породувањето, телото на жената поминува низ голем процес на опораву...
Бременоста е период на големи промени во телото, а со нив често доаѓаа...
Колку сон губиме во првата година со бебе?
Првата година со бебе е една од најубавите, но и најисцрпувачките фази...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)