|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Дојде ли време да ја направите најголемата "лудост" во животот?Дојде ли време да застанете на лудиот камен!?

image
/11


 

Свадбен автомобил

Свадбената колона е секогаш прекрасна и забележителна глетка. Повеќето младоженци сакаат да ги обиколат улиците на својот град во раскошните и луксузни автомобили. Најважен аспект е бојата на автомобилот. Ако им дадете предност на светлите тонови, нема да погрешите, особено кога станува збор за автомобилот на невестата. Во текот на летото тоа може да биде и убав, стар автомобил, или кабриолет со две патнички седишта.

Ставете венец од убави рози, зеленило, балони и панделки. Убаво украсениот автомобил е цреша на свадбената торта.

Свадбен танц

Првиот танц на младоженците е романтична и прекрасна свадбена традиција. Магијата на танцот дава неповторлива елеганција. Танцот е најсоодветен начин да се изрази силна и длабока љубов.

Стилот на исполнување на свадбениот танц зависи од изборот на младоженците. Ако се темпераментни би им одговарал танц во латино стил, a за оние кои имаат традиционален дух им одговара Виенскиот валцер. Првиот свадбен танц ќе биде запомнет не само од младоженците, туку и од сите присутни, цел живот.

Легенда за свадбената торта

И до ден денес тортата ја симболизира првата храна која ја дели брачната двојка. Потекнува од древен Рим и на почетокот била направена само од брашно, сол и вода. Невестата не јадела од неа, туку младоженецот ја кршел тортата над нејзината глава и ја опсипувал по целото тело – древен обичај за невестата да биде плодна. Англичаните пак исфрлале парче торта низ прозорецот. Ако тортата се распарчи, младоженците ќе бидат среќни, ако остане цела нивната судбина е неизвесна.

Моментот на сечење на тортата е еден од најочекуваните моменти на секоја свадба. Тортата ја сечат младоженците: според традицијата невестата треба да ја стави својата десна рака под раката на младоженецот.

Историја на свадбениот букет

Отсекогаш цвеќињата биле користени како симбол на љубов и среќа. Првата употреба на цвеќе за свадба била кај древните Грци. Цвеќето или другите растенија биле искористувани за плетење на венец за главата на невестата. Со тек на времето се изменила употребата на цвеќето, но симболиката останала непроменета.

Свадбениот букет и венците првенствено се правеле од цвеќиња испреплетени со лук. Се сметало дека цвеќињата и лукот имаат магиска сила да ги држат на растојание злите сили кои можат да ја поматат среќата на младоженците. Исто така актуелен бил обичајот да се исплети т.н. венец на бакнежот, од рузмарин и рози. Овој венец стоел над главата на младоженците, на масата каде седеле. Им носел среќа и многу љубов на младоженците и на сите што седеле на масата. Исто така, до чинијата на секој од гостите, била поставувана по една мала китка цвеќе. Со овие цвеќиња се посакувало среќа и долг живот на секој од гостите.

Цвеќињата отсекогаш биле битен елемент од брачната церемонија. Во различните времиња и различните држави се употребувани со различни ритуали, но секаде се главен и составен дел на свадбата.

Венчален фустан

Историјата на венчалниот фустан како посебна свадбена облека датира од времето на Римјаните.

Препознатлив детал во жива црвена боја бил таканаречениот фламеум односно вид на превез со кој невестата ја покривала главата.

Белата туника го симболизира почитувањето и чистотата, невиноста, додека црвениот превез и оневозможувал на невестата да го види својот избраник пред за тоа да дојде време. Тоа бил мигот на влегувањето во заедничката брачна ложа.

Но, народните преданија даваат уште едно објаснување за носење на превезот, односно дека тој се користел со цел невестата, еднаш штом го напушти домот тргнувајќи во новото живеалиште, да не може веќе никогаш да го пронајде патот до родителската куќа.

Од тогаш до денеска модата извршила огромно влијание венчаницата да стане култен фустан за секој жена, како специјален дел од гардеробата кој треба на жената да и овозможи чувство на посебна несекојдневна убавина на денот на венчавката.

Свадбена фризура

Како ќе изгледа фризурата на невестата на денот на свадбата е голема одлука. Ако не и се допаѓа фризурата, тогаш тоа може да влијае на нејзиното расположение за време на целиот ден.

Многу е важно невестата да избере стил што ќе е необичен, но во исто време таа да се чувствува убаво. Со кратка или долга, рамна или кадрава коса, бидете сигурни дека Вие ќе изберете стил со кој ќе бидете задоволни и и кој ќе направи да се чувствувате одлично на денот на Вашата свадба.

И за крај

Има ли подобра можност за купување на долна облека, отколку за првата брачна ноќ?

Ова е специјална ноќ, а долната облека не е нешто што ќе го носите секојдневно во годините што следат. Затоа не плашете се да изберете нешто неверојатно, што повеќе ќе ве открива. Ако постигнете “wooow” ефект кај партнерот, значи дека сте ја избрале вистинската долна облека

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
8
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?