Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Месењето тесто ја развива моториката
Современото темпо на живот е такво што напнатост чувствуваат не само возрасните туку и децата, па и нив им е потребно опуштање. Во тоа одлични се покажале игрите со тесто. Тестото како природен материјал не содржи токсични материи, со кои често изобилуваат индустриските играчки и безбедно е за децата. Додека детето го истражува овој пријатен и мек материјал и си игра со него, неговата креативност доаѓа до израз. Не треба да заборавиме дека во текот на оваа игра на детето му е поважен процесот на создавање, од самиот резултат.
Моделирањето на тестото овозможува различни тактички искуства, развој на фината моторика, што е од исклучително значење во предшколска возраст. Детето се опушта, ја ослободува фантазијата и секогаш има нова можност да се обиде повторно.
Уживајте во истурањето
Игрите со песок отсекогаш го окупирале вниманието на децата. Во претурањето и истурањето, во предизвикот од недофатлив материјал да се направи нешто, се крие вистинска магија. Овие игри им се особено интересни на децата од година и пол до три години, но и малку постари. Можат да се организираат и во домашни услови така што ќе се употребат материјали кои одлично заменуваат песок како што се презла, пченкарен и пченичен гриз и ориз.
Пред да му ги понудите на детето овие материјали и садови, подгответе го местото каде што детето ќе си игра. Тепихот заштитете го со прекривка или најлон, или организирајте ја играта во делот од домот каде што имате плочки (кујна, тераса, ходник).
Доколку Ви пречи нередот и ако постојано го предупредувате детето да внимава, играта ја губи смислата и подобро да не започнувате.
Водата најдобро опушта
Игрите во вода и со вода најмногу опуштаат. Разговорот со детето додека опуштено си игра во кадата со гумените играчки, ќе Ви годи и Вам и на детето. Бидејќи животот ни се сведува само на завршување на обврски, ова ќе биде извонредна можност за разговор и многу смеење, што секако допринесува во создавање на пријатна семејна атмосфера.
Ако немате време за вакви игри во када, понудете му на детето да Ви измие неколку пластични лажички и чаши. Ќе ужива повеќе отколку што може да замислите.
Маскирањето ја буди фантазијата
Веќе со неполни три години децата почнуваат да се интересираат за костими и маскирање, односно за игра на улоги. Во некој мирен дел од домот фиксирајте огледало на ѕид во висина на детето. Покрај огледалото ставете кутија со стари шешири, марами, наочари за сонце и други волшебни ситници. Пребарувајќи низ кутијата, детето ќе влезе во светот на фантазијата, ќе ја развива својата креативност, но ќе стекне и слика за себе.
Направете домашно милениче
Во домот секогаш се наоѓа по некој орев, па и костен собран после есента. Од половина лушпа од орев со боење може да се направи бубамара, а од костени и чечкалици – еж. Вклучете го детето во правење фигури и ќе видите како ќе му го задржите вниманието. Оваа активност ќе допринесе во развивање на самопочит, кога неговото ремек-дело ќе го заземе најубавото место на регалот во дневната соба, барем во неколкуте следни денови.
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Доаѓањето на бебето сигурно ќе донесе и малку немир во вашиот живот. ...
Често поставувано прашање е дали да се купи или не, насилна играчка?...
Еднократни или платнени пелени. Што е подобро?
Кога станува збор за пелени, прашањето еднократни или платнени е едно ...
Фрази што ја зголемуваат самопочитта кај детето
Самопочитта се гради секој ден, преку начинот на кој зборуваме, реагир...
Што да понесете со себе во породилиште?
Убаво е списокот на потребни работи да го подготвите на време. Навреме...
Јасли.
пеперутка16
Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?