Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Татковците слабо го користат правото за родителско отсуство за нега и грижа на новороденчето, и треба да се најде начин тоа да се стимулира, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа смета дека е потребна широка и издржана дебата за предлогот на граѓанската иницијатива породилното отсуство да се зголеми од девет на 18 месеци, за кој што група пратеници веќе предложија измени на Законот за работни односи во Собрание.
„Мислам дека треба низ дебата да видиме што ќе добиеме, а што ќе изгубиме ако имаме 18 месеци породилно отсуство. Да видиме дали тоа треба да го врземе само за жената или треба да имаме некакво условно породилно отсуство, кое ќе биде платено и за другиот партнер. Особено ако го користи едниот дел таткото, а мајката може да го користи другиот дел или обратно. Без родова застапеност или еднаквост во едно општетсво не може да одиме напред“, вели Царовска.
Таа вели дека и според сегашните законски прописи татковците можат да користат платено породилно отуство место мајката, со тоа што мајката ќе биде на породилно одреден период на почетокот, а потоа да ја замени таткото, како и да користи дополнителни три месеци неплатено отсуство.
„Ова право татковците слабо го користат, и можеби треба да се размислува за стимулативни мерки. Дали тие стимулативни мерки би биле да се плаќа поголем придонес, или пак да се направат законски измени со кои еден дел од породилното отсуство ќе биде задолжително и за татковците. Но, тоа се само идеи и за тоа треба широка дебата“, вели Царовска.
Половина од жените во Македонија не се активни на пазарот на труд и општеството не го користи нивниот потенцијал.
„Нека се предложи ако треба да се предложи, но и да се види дали треба да се вклучат двата родители во користење на ова право затоа што и татковците и мајките н? се потребни за детето да биде здраво и психички и физички“, вели Царовска.
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога љубомората е знак на грижа, а кога на несигурност?
Љубомората е чувство што сите сме го доживеале барем еднаш. Таа може д...
Потентноста на сперматозоидите
Постои широко распространет мит дека подолгата апстиненција ја зголему...
Антибиотици кај деца и најчести грешки на родителите
Зошто „побрзо да помине“ понекогаш значи подолго и потешко закрепнувањ...
Откриј кој тип мајка си на детското игралиште
Детското игралиште е мал социјален експеримент и за децата, и за родит...
Отитис - воспаление на уво, домашни мерки и терапија
Отитисот, односно воспалението на увото е честа состојба кај деца, но ...