|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

taanjee: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 16.6.2016
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/11


 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

Детали

Ник: taanjee

Датум на породување: 05.10.2014

Тип на породување: Царски рез

Болница: Јавна Здравствена установа - Велес

 

Памтам дека тој 4 октомври беше многу убав сончев ден, ден на зимници. Но јас само уживав тој ден, и тоа кај мајка ми заедно со сестра ми. Го поминавме денот во шеги и смеа, но одвреме навреме ќе речев „ леле мене малце ме боли глава, ама ќе ми помине “, и така цел ден. Заминав дома некаде кај 18 часот и болките во главата не ми поминуваа, но бидејќи имам мигрена си помислив некои мигренозни болки, а и не беа јаки. Некаде кај 22 часот сопругот ми вика „ Ај што е сигурно да одиме до болница за болките во главава нека те види доктор  да си бидеме ние мирни“. И така ние на шега заминавме, без ништо, без торба, не очекуваше најлошото!

Влегувам во болница, убаво пречекана со оглед на тоа дека беше 22 часот и седнав на преглед. Ехо прво, па притисок. Е тука се тргна насмевката на докторката. „ Легни си малце“ ми рекоа сестрите, јас збунета зошто да легнам, и така носат еден апарат ....па друг..па еден доктор мери, па друг влегува мери и тогаш ми земаа крв и ме прашаа „ Ти да не се нервираш нешто. Јас ? Не, зошто?? Баш ми е супер :) И ми кажаа дека имам многу висок крвен притисок а само што влегов во 9-ти месец.

Стигнаа резултатите се супер, а мене не ми се симнува притисокот. Ми направија ЦТГ се во ред, ми дадоа Метилдопа и ми рече докторката да полежам дека ќе се симне. Но не се симна притисокот. Во меѓувремено на сопругот му рекле да си оди дека ако има нешто ќе го бараат, а мене очигледно ме спремаа за царски рез. По половина час дојдоа пак ми мереа пак ништо, а Цтг-то лошо. Притисокот се качил не да се симне и рекоа царски рез да го вадат бебето, а мене животот загрозен од тој притисок. Почнаа да ме спремат и јас ги прашав тогаш, ако е загрозувачки животот мој и на бебето зошто не одиме за Скопје. Нема време ми рече сестрата, уште толку шок. Почнав да плачам, и ме теши сестрата „  Спремна е докторката, не се секирај “ . Влеговме во сала, се тресев. Не ми делуваше анестезијата, чекаа пола саат ништо. Ме успаа. По некое време ме разбуди некој глас , ми вика „ Ајде мајка , прекрасна ќерка имаш “. Но јас слушам, а не можам да отворам очи. Слушам ми викаат ДИШИ АЈДЕ ДИШИ, очигледно ми го тргнаа кислородот. Па ме шлапкаа по лице АЈДЕ АЈДЕ МАЈКА ОТВАРАЈ ОЧИ. Јас слушам, но не можам да отворам очи, од притисокот. По некое време се освестив ми кажаа дека имам малечко бебе но слатко. 2700 гр., мало како глувче, родена малце по полноќ на 5ти. Бев пресреќна, иако уште ми беше висок притисокот. Ме следеа цела вечер, но не ми беше важно, битно бебето е добро. Повторно ми зедоа крв , пак резултатите добри а притисокот сеуште висок и пиев метилдопа подолг период. И се уште имам некогаш мака со притисокот. Во право беше сестрата спремни беа и докторката и докторот. Најдобри!

Наредниот ден ми ја донесоа. Најубавите очи и најслакото усте на светов. Сега е 1 година и 8 месеци и е најпалавото срце. Од сета оваа приказна во сеќавање ми се најубавите очи, на мама мачето очињата.

 

 

Сакате да ни ја испратите Вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни

Тежината на трудницата по неколку недели о...
Колку е препорачливо да се здебелите во бременоста и зошто килограмите така нагло се зголемуваат?
5
Крварење во првото тромесечје од бременоста
Крварењето во првото тромесечје од бременоста е знак дека постои некаков проблем.
4
Најчести симптоми на бременоста
Некои жени едноставно “знаат” дека се бремени од самиот почеток на зачнување на детето. Меѓутоа на други им се потребни ...
3
Хормон на бременоста – hCG
Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Dali gi znaete lozinkite od vasite partneri na FB,skype. messanger, od forumi itn...
bambi

da slusneme i komentari

da (54%)

ne (46%)


Број на сите гласови: 41

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!