vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/91
Прекрасно летно утро, налик на ветување дека таков ден носи само убави нешта, ветување кое до вечерта беше исполнето.
Нашата свадба. Конечно дојде и тој ден, сите подготовки, секое неодговорено прашање што и како ќе биде, стана неважно во моментот кога се погледнавме, знаејќи дека тој ден се наоѓаме токму таму каде што отсекогаш ни било пишано да бидеме.
Имавме голема свадба, со многу весели гости од кои повеќето беа млади. Масите во ресторанот беа скоро празни за целото времетраење на веселбата. Сите беа на подиумот. Шест часа и повеќе. И млади и стари...
Моментот кој секогаш ќе ми остане во сеќавање се белите гулаби кои ги пуштивме по завршувањето на црковната церемонија. Два симболи на љубовта се вивнаа во небесното синило да ја испратат нашата заклетва на вечна љубов.
Се исплатија и часовите по танц кои ни помогнаа да изведеме интересна точка за отворањето на свадбата.
Се на се прекрасно поминат ден, зачудувачки како на крајот од вечерта возбудата успеа да го потисне уморот, не постоеше ниту трага од физичкиот напор, само задоволна насмевка на лицата и сјај во очите .... Тоа беше нашиот ден, ден кој засекогаш ќе остане врежан во нашето сеќавање, спомен на кој со задоволство ќе се навраќаме во иднина.
29 август 2010 година. Еден бакнеж....Поинаков од сите бакнежи до сега, топли насмеани лица кои ракоплескаат делејќи ја нашата среќа, нашето зачекорување кон нешто поинакво, нешто кое од тој ден се нарекува НИЕ.
Од тој ден чекориме заедно, решени да ја изградиме вечноста, сигурни дека по многу години ќе можеме да раскажеме прекрасна љубовна приказна.
Ваша Беатрис
| И Вие може да ги споделите Вашите моменти од свадбата со Рингераја семејството. Вашите фотографии, надополнети со краток текст ќе ни ги доловат свадбените моменти и ќе ни ја разубават Рингераја. Доколку имате и видео истото може да ни го испратите или да го поставите на youtube и да ни проследите само линк. Содржините може да ги испратите до главниот и одговорен уредник на Рингераја.мк на е-адресата: barbara.sinadinoska@ringeraja.mk. |
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Која пумпа за млеко е најсоодветна за вашите потреби?
Рачна или електрична? Еднострана или двојна? Мала и дискретна или помо...
Редослед на воведување зеленчук кај бебињата
Кога бебето ќе започне со дохрана, родителите често се прашуваат со ко...
Колку долго да шетате со вашето бебе?
Свежиот воздух и промената на средината можат да бидат убав дел од сек...
Зошто секое бебе се развива со свое темпо?
Едно бебе ќе почне да седи порано, друго ќе прозбори порано, а трето м...
Хуманиот папилома вирус е многу честа инфекција, која најчесто поминув...