Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Воопшто не е непознат фактот дека ќе добиете на тежина во тек на бременоста. Всушност тоа е нормална работа која ќе Ви се случи. Препораката на лекарите за тоа колку килограми треба да добиете во тек на бременоста зависи од почетната тежина, значи од 8 килограми – ако припаѓате меѓу жените со прекуметна тежина, до 18 кгр. ако припаѓате на жени со ниска телесна тежина. Меѓутоа дури и ако ги изгубите сите килограми кои ги добивте во бременоста откако ќе се породите, тоа не значи дека на Вашето тело нема да остане трага во облик на стрии. Овде ќе зборуваме за тоа како настануваат, како да се спречи нивната појава или да се ублажат доколку веќе се појавиле.
За жал не постои начин како да се предвиди кој ќе добие стрии, а кој не. Меѓутоа генетиката игра улога во тоа кој би можел да ги добие, бидејќи децата ги наследуваат и квалитетите на кожата од родителите. Жените кои носат близнаци, тројки или четворки имаат многу поголеми шанси да добијат стрии, бидејќи стомакот ќе мора повеќе да им порасне, а кожата ќе мора повеќе да се растегне.
Стриите се лузни на кожата, резултат на оштетување на колагенот и еластичниот дел на кожата. Почнуваат со црвенкаста нијанса (бидејќи се воспалени), но можат да бидат и црвенкасто црни, виолетови, темно смеѓи, или со розова боја и сребренкасто бел отсјај, зависно од нијансата на Вашата кожа.
Некои жени добиваат стрии бидејќи нивната кожа не е еластична. Стриите се најчесто поврзани со драстична промена во тежината и со бременост. Се јавуваат околу 35. и 36. недела од бременоста. Освен тоа стриите не се појавуваат само на стомакот, туку и на градите, задникот, нозете...
Како да се спречи појавата на стрии?
Лосиони и кремови
Немојте да сметате на тоа дека со лосиони, кремови за тело и масла за тело ќе ги намалите постоечките стрии. Овие производи можат да го користите доколку имате сува кожа, да и помогнете да се навлажни и растегне. Овие препарати ќе ја направат кожата мека и хидратизирана, но нема точни докази дека ќе се спречи повајата на стрии, или да се ублажи видливоста на постоечките, без оглед на тоа што го пишува на амбалажата, или на тоа што го тврди производителот.
Хидратација
Наместо да се потпирате исклучиво на лосиони и масла за хидратирање на кожата, пиењето на вода има поголема корист за кожата и стриите.
Вие сте тоа што јадете
Здравата исхрана е уште еден начин на кој можете да се одбраните од стрии. Витамините А и Ц се есенцијални, но не Ви требаат вештачки додатоци или суплементи. Само погрижете се доволно да ги внесете со вообичаената исхрана. Добри извори на витамин В се шипката, портокалот, црвената пиперка, доматите, зелениот зеленчук, брокулите, зелката, свежо овошје како лимон грејпфрут, киви, јагоди, малини, капинки, боровинки, рибизли, вишни и цреши. Природни извори на витамин А се: јајца, риба, моркови, сладок компир, манго, зелен зеленчук, папаја и лубеница.
Испотете се
Вежбањето е многу важно за да не дојде до нагло зголемување на тежината. Било какво драматично зголемување на тежината ќе предизвика појава на стрии.
Третмани по породувањето
Ако добиете стрии, имајте на ум дека тие никогаш нема да исчезнат во потполност. Тие со тек на време само ќе избледат. Постојат некои третмани со кои козметички и хируршки можат да се третираат стриите, но ништо не е 100% сигурно. Дермоабразија, хемиски пилинг и третмани со ласер можат да ја намалат видливоста на стриите. Најдобра опција е третман со ласер кој помага да се обнови оштетениот еластин.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Најдобар секс за забременување
За да се забремени мора да се поклопат повеќе работи, но во секој случ...
Повеќето жени по породувањето очекуваат дека стомакот ќе им се врати в...
Изградете врска со бебето во стомакот
Онаа посебна врска меѓу мајката и бебето, за која сите знаеме дека не ...
Дали амниоцентезата ќе му наштети на плодот?
Амниоцентеза претставува дијагностичка метода која дава важни информац...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Бррррр....
пеперутка16
Дали некогаш сте се сретнале со нешто непознато на кој било начин, нешто натприродно за нас луѓето?! Духови, ѓавол, шејтан......