|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Спиење и одмор на новопечената мајка

Редакција Рингераја, 16.10.2025
Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно доживување, тоа е сепак напорен период, посебно за млада мајка.

image
Фото:Canva/Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно доживување, тоа е сепак напорен период, посебно за млада мајка.
/11


За утеха нека ви биде податокот дека со староста на бебето е попредвидливо неговото спиење, а со текот на времето ќе се нормализира и состојбата на вашето тело и повторно ќе се чувствувате добро. Времето решава бројни проблеми, но треба да се погрижите и за сегашноста.


Затоа ќе ви понудиме некои решенија, како повеќе да спиете, да се одморите и така да се чувствувате подобро.

- Спијте кога спие вашето дете. И 20-минутно дремење може да ви даде доволно енергија да издржите долго попладне. Ако не можете доволно да се опуштите за да задремете, сепак малку одморете, кренете нозе, разгледајте списание или книга. Сепак, имајте на ум дека попладневното дремење може малку да влијае на ноќното спиење.


- Навечер не станувајте. За ноќното доење детето нека ви го донесе партнерот, или детското креветче поставете го блиску до својот кревет. Заради ноќното станување ќе ви биде тешко повторно да заспиете. Со текот на времето можете млекото за доење и да го истиснете и така некои ноќни обврски да ги „префрлите на грбот на партнерот“.


- Движете се. Факт е дека и мала прошетка на воздух ќе ви помогне да се чувствувате помалку уморни. Таа прошетка ќе ви помогне навечер полесно да заспиете.


- Побарајте помош од партнерот, фамилијата, пријателите. Во никаков случај не подготвувајте ручеци или вечери за пријателите или фамилијата. Оставете нечисти садови и неиспеглана облека. Прифатете ја понудената за помош и тоа време искористете го за одмор.


- Со храна собирајте енергија. Во тој период битно е да се храните урамнотежено. Ако доите многу е битно покрај урамнотежената исхрана да јадете и често, затоа што со доењето побрзо трошите калории.


- Менување на ноќните смени: со партнерот може да се договорите за ноќни станувања така што една ноќ тој внимава на детето, а другата вие или едниот од вас да внимава до два наутро, а другиот потоа.


- Одвоени соби. Кога навистина ви треба одмор, а детето е посебно немирно, можете една, до две ноќи да спиете во друга соба.


- Во доцни попладневни или вечерни часови избегнувајте кофеин, никотин и алкохол.


- Погрижете се спалната соба да е добро проветрена, во неа да е соодветната температурата  (повеќето луѓе подобро спијат во постудени простории) и да нема премногу бучава (од сообраќај и сл.).


- Ако и после 30 минути не можете да заспиете, прејдете во друга просторија и слушајте мирна музика додека не заспиете.


- Кога ќе ја завршите вечерната рутина за детето, направете го истото и за себе. Еден час пред спиење на пример дозволете си да лежите во полна када, шоља чај или топло млеко и смирете се со добра книга. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињата. Таа им дава утеха, помага при смирување и пон...
6
Природно и безбедно
Кога нашето дете ќе настине, првата реакција е: „Што можам да направам дома за да му помогнам?“
4
Пригответе сами совршено овошно освежување
Денес ви претставуваме рецепт за овошен јогурт, приготвен на природен начин, кој има моќ да ве освежи и да ви понуди ене...
3
Пробиотици за бебиња: Дали навистина се по...
Во последните години пробиотиците станаа вистински „хит“ во светот на здравјето и исхраната. Ги нарекуваат „добри бактер...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ste poveke za zavesi po doma ili venecijanki?

Zavesi (100%)

Venecijanki (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!