|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Совети за добро здравје во училиште

Редакција Рингераја, 2.9.2014
Во овој период од годината мајките најчесто ги испитуваат цените на училишната опрема, настојуваат да ја обноват детската гардероба и ги потсетуваат децата за навиките поврзани за училиштето и учењето. Но што е со здравјето?

image
/11


 

Иако во текот на летото  децата го зајакнуваат имунитетот со здрава исхрана и престој на чист воздух, сепак е добро да се поведе сметка за зачувување на доброто здравје. Еве како:

 

1.      Погрижете се децата да спијат доволно

Во текот на летото во повеќето семејства благо се поместува  времето за спиење, па е добро пред почетокот на школската година децата да се вратат на старите навики. Не треба да потсетуваме дека децата  постигнуваат подобри резултати ако имаат навика да одат на спиење во исто време и доволно сон во текот на ноќта.

Поставете правило кога се оди на спиење и придржувајте со со што помалку исклучоци и тоа оправдани. Што се однесува до препорачаната доза на сон, можете да се раководите според заокружените правила дека на деца со возраст од 1-2 години им се препорачува 12 часа спиење, од 3-5 години 11 часа, додека на деца од 5-12 години потребни им се 10 часа спиење.

 

2.       Ограничете го времето за гледање телевизија

Колку повеќе време детето поминува пред телевизор, толку навиките за исхрана се полоши, се јавуваат повеќе проблеми со задржување на вниманието и изостанува комуникација со родителите бидејќи сето внимание е насочено кон екранот.

Не постои магичен број на часови кои се дозволени за гледање ТВ. Овие правила се индивидуални, па осмислете сами кога во вашиот дом ќе се гледа телевизија.

 

3.       Потсетете ги децата да ги мијат рацете

Редовното миење на раце пред јадење дома и на училиште ги намалува шансите за внесување на бактерии преку рацете. Научете ги децата дека миењето на рацете е едноставна рутина која се прави пред секое јадење и по секое играње со деца.

 

4.     Оставете ги децата дома ако не се чувствуваат добро

На болните деца треба да им се даде шанса да спијат и одмораат повеќе, за потполно да заздрават. Родителите често тоа го занемаруваат, па им даваат лекови на децата и ги пуштаат во училиште штом се чувствуваат малку подобро. Многу е важно детето да остане дома, да отспие и да го одмори организмот.

 

5.       Прилагодете ја гардеробата на временските услови

Облеката често може да биде голема пречка, која ги спречува децата во активностите на час. Пуштете ги децата на училиште во облека во која можат непречено да си играат. Воведете правило во училиште да не се оди во модерна облека, бидејќи таа може лесно да се извалка или упропасти. Имајте во предвид дека на децата им се препорачува физичка активност најмалку по еден час дневно, било да е тоа играње во паркот, фудбал со другарите, прескокнување ластик или некој друг спорт, за што децата треба да бидат соодветно облечени.

 

6.       Обезбедете добри и здрави оброци, посебно појадок

Добриот оброк на почетокот на денот на децата им дава енергија, благодарение на што полесно ќе може да ги совладаат училишните обврски. Основни состојки на здравиот појадок се: интегрални житарици и мусли, овошје, пијалоци од млеко и доволно млечни производи, заради витаминот Д.

 

7.      Спакувајте паметна ужинка

За ужинка одберете производи кои не можат лесно да се расипат, посебно во лето. Веројатноста дека детето ќе ја изеде ужинката е поголема ако му дозволите да ја подготвувате заедно. Ако вашето дете е алергично на некоја храна, тоа мора да го знае, бидејќи децата често ја делат ужинката со другарите.

 

8.       Закажете редовен преглед на лекар

Физичкото и менталното здравје се тесно поврзани, па е одлична идеја, посебно ако сте биле изложени на стрес, да закажете редовен систематски преглед за целото семејство. На тој начин ќе бидете сигурни дека се е во ред со вашето и здравјето на вашето дете.

 

9.       Погрижете се сестрата во школскиот диспанзер да ги има сите информации

Проверете дали сте ги потполниле сите документи во школскиот диспанзер и дали имаат ваш контакт за било каков итен случај. Доколку вашето дете има некои специфични здравствени потреби, известете ги сестрите.

 

10.     Бидете заедно

Секако, превенцијата е половина здравје, па за сето семејство ќе биде добро ако практикува активности кои го зајакнуваат имунитетот и го јакнат чувството на припадност кон семејството. Тоа може да биде семејна прошетка за викенд или пикник. Дури и ако времето не е добро, можете да поминете семејна вечер со разговор и смеа, која позитивно влијае на здравјето.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детска непослушност: Ти не си ми шеф!
Непослушност. Она што најмногу ги мачи родителите. Вие треба да сте главни, нели? Но што правиме кога не можете да се сп...
3
Не разговарајте со мене додека детето има ...
Не ме осудувајте. Не ме гледајте попреку. Не си замислувајте дека со еден шепот можете лесно да го решите проблемот. На ...
3
Силување со родителска љубов?!
Впечатлив текст за тоа како несакајќи го расипуваме животот на нашите деца, доведувајќи ги до неврози, несамостојност и ...
3
Моите деца не ме слушаат!
Не е важно колку пати ќе им кажам на децата да направат нешто, освен ако не направам нешто драматично, како гласно викањ...
3




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?