|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Snowhite: Мојата породилна приказна

Редакција Рингераја, 28.1.2011
Моментот кога јас се претворив во “ние”

image
/151


 

 

Моментот кој го очекувате цели девет месеци, а едвај чекате да помине. Моментот за кој живеете и мечтаете цел живот, а кога ќе дојде - умирате од страв. Единствениот момент во кој сите болки, солзи, стравови и трепети ви ја носат најголемата среќа во животот.

ВАШИОТ момент на породување!

 

 

Детали

Ник: Snowhite

Датум на породување: 28.01.2010 година

Тип на породување: царски рез

Болница: Државна болница Прилеп

 

 

 

Посветено на Рингераја!

Оваа приказна и ја должам на Рингераја, која беше и остана со мене засекогаш. Ти благодарам Рингераја!

 

Се разбудив ова утро, видов снег, бело. Решив, денес ќе ја напишам мојата породилна приказна. Зошто денес? Затоа што ваков беше денот кога се роди моето најмило. Тоа беше ден измислен да се донесе на свет нов живот. Совршен ден. Моето најмило чекало ваков ден.

Но, да почнеме од почеток.

Еден саботен ден, после работа лежевме со сопругот на брачниот кревет. Беше 16-ти мај, како сега паметам. Му реков „Се уште немам добиено“ и во истиот момент ја видов најголемата насмевка што сум ја видела во животот. По неколку дена купив тест, следното утро го направив и чекам, гледам едната црта се обои, а другата...??Се обои и таа, но беше бледа, многу бледа. И сега? Што значи ова?.. си помислив. Се вратив во спалната соба, сопругот ме праша „и?“, „и не знам“ му реков, „еве види ти“. Почекавме уште неколку дена, се уште не добив и веќе знаевме. По една недела отидов на преглед и ми потврди, двете црти, иако едната беше бледа, значеа „тоа“. Не сакавме да се радуваме и да раскажуваме се додека не слушнеме срцева реакција. А прегледот на кој требаше да се потврди чукањето на тоа мало срценце, беше толку емотивен, додека докторката ми објаснуваше, ми зборуваше, и одеднаш слушнав, во истиот момент престанав да го слушам нејзиното зборување, тоа беше момент кога ја слушнав најубавата музика во мојот живот, тоа беше моментот кој ми потврди дека во мене се развива нов живот. После тоа еднаш месечно одев на преглед, докторката секогаш ми велеше „18-ти јануари ти е краен термин, но веројатно ќе биде 2-3 дена покасно“. Но јас знаев дека ќе бидат повеќе од 2-3 дена. Со нетрпение го чекав денот, средбата со моето најмило, денот кога требаше да одам на преглед. Тој ден бев најсреќна на светот и никој и ништо не можеше да ми го уништи. Во 13-та недела докторката ми рече “Се уште е рано, ама нешто како да му виси меѓу нозе”, а веќе на следниот преглед ми потврди дека жапчето, како што го викаше таа, е машко.

Беше многу немирно бебе, нон стоп клоцаше, преташе и дење и ноќе и кога се движев и кога мирував. Ни беше многу забавно, му пуштав музика, а тоа играше, му читав книги, а тоа слушаше, му зборував, а тоа се превртуваше, а кога тато ќе ја ставеше раката, се смируваше.

И тогаш дојде денот, денот „Д“. Со доцнење од 10 дена, во кои имаше секојдневно следење на ЦТГ, инјекции за провокација, но ете моето инаетче не подлегна на провокации. Кога ја примив последната инjекција за провокација, докторот рече оди дома, ако до утре немаш болки ќе мора да го решиме со царски рез. Ноќта на 28 ми јануари, точно на полноќ  инатчето реши да почне да излегува, а јас решив ноќта да ја поминам дома. Ја преспав цела ноќ, освен кога на еден саат или на пола саат ќе ме разбудеше болка. Во 7 часот утрото на сопругот му реков, „ајде да се спремиме додека не ме фатиле вистински болки и да одиме“. И како да се чекаше да ја изговорам таа реченица, по 15 минути добив нови болки и мислам дека после тоа не престанаа. Викнавме такси и излеговме надвор, а надвор мислиш снежна покривка го покрила градот, мирисаше на снег, беше толку волшебно, толку прекрасно. Во болница ме примија, но бев отворена само 2 прсти, а тоновите на бебето паѓаа и решија да не чекаат, туку да ме породат со царски рез. Малку се бунев, не сакав царски, сакав да го почекам мојот доктор, но во тој момент, сакав побрзо да заврши се’, иако знаев дека подоцна ќе се каам за тоа. Тогаш, освен физичка доживеав и психичка болка, затоа што операционата сала беше зафатена, па мораше да чекам. И чекав, чекав и чекав. И конечно, ме викнаа. Ме легнаа и ме заспаа, а кога се разбудив, се беше завршено, а јас само реков „Бебето?“ „Бебето е машко 3350 грама“, ми одговори некој глас, тоа беше се што сакав да слушнам во моментот. Ме однесоа на интензивна, по пат го видов сопругот како ми се смешка и ме прашува нешто, но мене сето ми беше како во сон. По неколку часа ме однесоа во собата, ја прашав сестрата дали ќе ми го донесат бебето да го видам, ми рече попосле. „Лажливка“, помислив, покасно уште неколку пати  ја прашав и го добивав истиот одговор. По неколку часа дојде мојата фамилија, ми честитаа и тогаш дојде и главната сестра која беше присутна на породувањето и ја прашав дали ќе ми го донесат бебето и таа веднаш им нареди да ми го донесат. Кога го донесоа плачеше, го видов, го видовме сите, цела фамилија, сопругот ме праша „Леле, зарем ова беше во тебе, во твојот стомак?“. Солзи ми течеа, тие 2 минути додека беше тука, се заљубив, за прв пат на прв поглед. Не можев да го тргнам од мислите. Наредните денови, кога ќе почнеше да се разденува наслушнував, го чекав звукот на количките во кои ги носеа бебињата и кога ќе го слушнев тој звук, срцето ми се исполнуваше од среќа, а кога навечер ми го земаа, срцето ми се расплакуваше од тага, едвај чекав да си одиме дома и цело време да се гушкаме.

 

Денес точно 1 година од тој ден, а мене ми се чини вчера беше.

Среќен роденден најмило мое!

 

 

 

Рингераја му посакува среќен роденден и среќно детство на Михаил !

 

 

Сакате да ни ја испратите вашата приказна од породувањето?

Прочитајте како во статијата Породилни приказни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болки – знак дека треба да го сослушате св...
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто н...
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
taanjee: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Ако се одлучивте за царски рез...
Доколку породувањето не може спонтано да се изведе до крај, гинекологот препорачува царски рез. Голем број жени инсисти...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?