Nale во 23:30
на тема RE: Хистероскопија

Промените на грлото на матката се сметаат како спореден, додатен метод за утврдување на овулација и тесно се поврзани со промената на цервикалната слуз. Како што цервикалната слуз во текот на овулација ја менува својата структура (провидноста, густината), така и грлото на матката ја менува својата положба и поинакво е на допир. Овие промени настануваат како последица на промените на нивото на естроген во организмот.
Веднаш по завршување на менструација, грлото на матката е цврсто и суво. Тоа се наоѓа ниско во вагината, што значи дека е близу и лесно може да се допре со прст, но самиот “влез” во матката е непристапен и тесен, бидејќи има малку цервикален секрет. Како се приближува овулација така и грлото на матката станува помеко и повлажно на допир и полека почнува да се повлекува подлабоко во вагината.
Во тек на овулација грлото е потполно меко и многу влажно, поради зголемениот цервикален секрет, а влезот во матката е потполно прооден. Во овој период грлото се наоѓа длабоко во вагината, далеку е и недопирливо со прст.
По овулација, потребно е помеѓу 24 и 48 часа за да може грлото да се врати во иста положба како на почетокот на циклусот.
Дел од циклусот | Грлото на допир | Положба |
Почеток на циклусот (за време на менструација и веднаш по неа) | Цврсто и суво | Ниско во вагината (близу) |
За време на овулација (се приближуваат плодни денови) | Меко и влажно | Длабоко во вагината (тешко да се напипа) |
По овулација (по плодните денови) | Цврсто и суво | Ниско во вагината (близу) |
За да ја проверите состојбата на грлото на матката користете еден или два прста, како ви е полесно. Доволно е само со врвот на прстот нежно да го допрете грлото. Важно е рацете да ви бидат чисти и суви и да немате долги нокти. Грлото на матката треба да се проверува секој ден во исто време и телото треба да биде во иста положба (на пр. додека стоите со едната нога подигната на кревет или када). Овие промени не можат лесно да се препознаат, доколку ова не сте го правеле порано, но не се откажувајте, бидејќи по само три до четири циклуси ќе стекнете доволно искуство за да ги препознаете овие фази.
СЕКСИ ЌОШЕ | Највозбудливи секси фантазии за време на овулација
ДА ГО ЗГОЛЕМИМЕ СЕМЕЈСТВОТО | Запознајте ја јајце клетката со сперматозоидот
ПРАШАВМЕ ДОКТОР | Прашавме доктор: Овулација, симптоми и стимулација
ШТО Е ОВУЛАЦИЈА? | Следење на овулација - овулациски тестови
ШТО Е ОВУЛАЦИЈА? | Рингераја табела за следење на плодни денови
Borjan :)
Автор: ivanaborjan
jovan
Автор: milo20052011
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штик...
Каков е имунитетот во првата година од животот?
Докторите направиле тест кој открива колку е силен имунолошкиот систем...
Бебето родено 453 грама, напредува добро!
Бебето кое е родено 4 месеци предвреме и со само 453 грама тежина, ги ...
Кегеловите вежби се едноставни, но многу ефикасни и би требало да ги н...
Последната песна на Витни Хјустон
На интернет е објавена последната песна која ја отпеала и снимила почи...

Овoј десерт е здрав,за позитивните страни на оревите,лешниците,урмите,ленот,сусамот и овошјата сите знаеме...
ПовеќеНајубаво машко име
SandraR
<3