|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што значи крварење во средина на циклусот?

Редакција Рингераја, 23.4.2014
Spotting, или крварење во средина на циклусот е нормална појава и се јавува за време на овулација
Клучни зборови:

image
/11


 

Болката за време на овулација ја имаат мал број на жени и со тоа јасно може да се одреди во кој јајник се случува овулацијата. Болката настанува како последица на надразнувањето на абдоменот со фоликуларна течност, трае кратко и може да биде со различен интензитет. Зголемената болка  за време на овулација најчесто се јавува кај жени кои имале оперативен зафат во пределот на карлицата и кај жени кои боледуваат од ендометриоза.

До појавата на овулациско крварење обично доаѓа заради наглото опаѓање на нивото на хормонот естроген, кој ја достигнува својата највисока вредност во очекуваното време на овулацијата и со тоа предизвикува блага нестабилност на слузницата на материцата. Крварењето е обично кратко, со траење од неколку часа до најмногу три дена, со оскуден интензитет и кафеава боја и не пречи при забременување. Ако стане константно секој месец и трае подолго од три дена, се советува опсежно испитување, кое вклучува ПАП тест, микробиолошко испитување на брисеви, гинеколошки и ултразвучен преглед, со цел да се исклучат други органски пореметувања (миом, ендометриоза, функционални цисти на јајниците) и секако, одредување на нивото на хормоните во крвта.

 

Урамнотежете ги хормоните и намалете го стресот

Крварењето за време на плодните денови или т.н. spotting е нормална појава која е присутна кај голем број девојки и жени. Падот на естрогенот е во овој случај нормална појава и кај жени во почувствителен организам може да резултира со благо крварење во средината на циклусот.

Ако ги броиме деновите на циклусот, тогаш крварењето се јавува  околу 14-16 ден, зависно од должината на циклусот. Крварењето може да се појави во втората половина на циклусот и тоа пред менструација, а тогаш е поврзано со падот на прогестерон и пропаѓање на жолтото тело (corpus luteus). Во секој случај потребно е да се урамнотежат хормоните и да се намали стресот.  Советите на лекарите се:

  • Јавете се кај својот гинеколог на контрола и барајте совет.
  • Не користете контрацептивни средства без да се посоветувате со лекар.
  • Не користете лековити билки

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Митови и вистини за забременувањето
Темата за забременување е обвиена со многу совети, верувања и „тајни рецепти“ што се пренесуваат од генерација на генера...
8
Психолошките предизвици при планирање брем...
Кога се зборува за бременост, најчесто фокусот е ставен на физичкото здравје, анализите и медицинските прегледи. Но пато...
5
Апликации и алатки за следење овулација
За многу жени и парови кои планираат бременост, следењето на овулацијата е клучен дел од подготовката. Но со стотици апл...
5
Што е неплодност?
Неплодноста е честа, но и честопати погрешно разбрана состојба која бара знаење, трпение и соодветна поддршка.
5




Анкета

Циста.
пеперутка16

Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?