|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Шест митови за забременувањето

Редакција Рингераја, 10.5.2021
Сите парови не мислат на забременување. Многу од нив чекаат природата да го направи своето. Од друга страна, некои парови купуваат средства за одредување на плодните денови, планираат сексуални односи во овулација, но не успеваат да зачнат

image
/11


Мит бр. 1: Треба да имате секс на 14. ден од циклусот

Веројатно сте слушнале дека повеќето жени овулираат на 14. ден од циклусот. Тоа не е вистина. Оваа теорија се заснова на календарскиот метод на одредување на овулацијата. Ако имате совршен циклус кој трае 28 дена, каде лутеалната фаза трае точно 14 денови, најверојатно овулирате околу 14 ден. Меѓутоа повеќето жени немаат совршен циклус, па дури и жените кои имаат не овулираат во точно време секој месец.

 

Мит бр. 2: Треба да имате секс 24-72 часа по овулација

Постои извесна забуна околу тоа кога треба да имате сексуален однос ако се обидувате да забремените. Да, вистина е дека времето на сексуалниот однос треба да се темпира да биде блиску на овулацијата. Овде многу парови згрешаваат бидејќи имаат секс само тогаш кога мислат дека жената овулира или имаат секс после овулација. Постојат два проблеми во врска со оваа стратегија. Првиот е што јајце клетката живее уште 12-24 часа по овулација (не 72). Вториот е што сперматозоидите можат да  живеат до 5 дена, така што е важно да имате секс пред, а не после овулација. Идеално би било да имате секс пред 1-2 дена или за време на овулација.

 

Мит бр. 3: Најплодни сте на денот кога базалната температура ќе ви порасне во однос на останатите денови

Следењето на базалната температура е одличен начин за да утврдите овулација, но не е најдобар начин за предвидување на овулација. Во времето кога ќе забележите пораст на температурата, тоа значи дека веќе сте овулирале.

 

Мит бр. 4: Неплодноста не е излечива и е прескапа за лечење

Многу парови погрешно веруваат дека се неплодни. Ако не сте забремениле после една година обидување, би требало да побарате совет од лекар. Ако имате нередовен менструален циклус, или ако забележте дека не овулирате, треба да консултирате лекар. Иако некои методи за лечење на неплодност се скапи, повеќето од нив не се, а дел од нив ги покрива Фондот за здравствено осигурување.

 

Мит бр. 5: Треба да имате секс колку можете повеќе на денот кога овулирате

Од тоа нема да имате никаква штета, но можеби нема да забремените. Во секој циклус имате околу 20-30% шанси да забремените. Една од најголемите грешки на паровите е што се обидуваат да го сместат водењето љубов за цел месец во еден ден, кога мислат дека се случува овулацијата.  Но кај некои жени тоа е тешко да се предвиди и затоа е најдобро да имате редовен секс, 3-4 пати неделно.

 

Мит бр. 6: Генерално, жените имаат проблем со неплодност. Кај мажите ретко се случува тоа

Од некоја причина, жените се склони да мислат дека само мажите кои користат наркотици и алкохол, имаат проблем со плодноста. Тоа не е вистина. Неплодноста е проблем кој ги погодува подеднакво и мажите и жените.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што треба да знаете, пред да забремените?
Да се одгледуваат деца е исцрпувачка и најблагородна работа. Многу родители не можат да се одлучат за второ дете, а неко...
4
Апсолутни знаци дека ќе бидете прекрасна м...
Ако се наближува времето во кое почнувате да размислувате за дете, веројатно се прашувате дали ќе бидете добра мајка. Се...
4
Сексуално преносливи болести
Болестите кои се пренесуваат преку сексуален однос се во постојан пораст, особено меѓу младите, а секојдневно се открива...
3
Приказната на Вишња Томиќ
Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?