Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Синовите на Селин Дион се родени со вештачко оплодување. Посебно била комплицирана бременоста со близнаците кои првобитно биле тројки, но третото бебе починало во третиот месец.
Пејачката која продаде двеста милиони албуми и која наскоро ќе ги објави новите песни, истакна дека професионалниот успех не би ја задоволил, ако не станела мајка на трите момчиња. Пејачката изјавува дека напорно работела во последните триесет години и дека конечно е задоволна со тоа што го постигнала.
Сепак признава дека е малку себична и дека многу посакува да добие девојче.
Вештачко оплодување: промашувања и победи
Борбата за деца се одвивала вака: По раѓањето на синот Рене Чарлс, Селин Дион ги замрзнала своите јајце клетки. Се одлучила за втора бременост и доживеала шест неуспешни вештачки оплодувања.
На прашањето како ја поднесла борбата со хормоните, пејачката одговорила:
- Морате да го прашате мојот сопруг. Не бев премногу уморна, дури ни многу чувствителна.
Колку и да и било тешко да ги издржи сите неуспепни оплодувања, Селин најмногу мислела на децата.
- Без оглед на тоа дали бременоста е природна или вештачка, вие сте уплашени. Меѓутоа, морате да бидете позитивни и да се опуштите. Секогаш велам дека јас сум првата земја на моите деца, па затоа морам да бидам здрава и максимално опуштена.
Рене Чарлс го родила на 33 години, а близнаците на 42 години.
- Се трудев да направам се што е потребно, но секако дека постоеше црв на сомнежот. Бев 95% оптимист, а 5% песимист. Не сакав да ми се јави лекарот и да ми каже:”Жалам, не успеавме”.
А кога тоа ќе се случело, пејачката пронаоѓала сила во своето прво дете.
Меѓу кариерата и родителството
Во моментите кога се обидувала да оствари втора бременост, Селин Дион, по светската турнеја, ја очекувал настап во Лас Вегас. Откажувањето би било непрофесионално и би ги чинело организаторите милиони долари, додека од друга страна, патувањето би претставувало голема опасност по потенцијалното зачнување.
Пеела, но ја мразела секоја песна. На крај стигнале вести дека вештачкото оплодување е успешно.
Селин носела тројки, а лекарите веднаш ја предупредиле дека постои голем ризик за Даунов синдром или спонтан абортус, заради нејзините години.
- Правев ултразвучни прегледи секоја недела. Прво видов едно бебе, потоа две, потоа три и на крај третото бебе престана да се движи и умре – рече Селин.
Единствено што и останало било да се концентрира на двете бебиња и така направила.
Бебињата се родени со царски рез и по краткиот престој во одделението за неонатална интензивна нега, се пуштени дома.
- Моето најголемо задоволство е наутро моите деца да бидат со мене, додека го пијам своето кафе со шлаг, без шеќер. Тоа едноставно задоволство му дава на мојот живот најголем смисол – порача музичката ѕвезда.
забава Бремените
Автор: bobik
Придобивки од млекото и млечните производи за здравјето
Млекото и млечните производи се дел од традиционалната исхрана во мног...
Кога детето го поминува својот прв роденден, неговите потреби за храна...
Што се матични клетки и зошто се толку важни?
Во светот на медицината постојат многу зборови што звучат како научна ...
Гастритис – што е и како се лекува?
Гастритисот е воспаление на слузницата на желудникот, состојба која мо...
Кога сте родител на бебе, секојдневните обврски стануваат вистинска ми...
Миење на долниот дел.
пеперутка16
Дали твојот сопруг ја менува облеката на детето, мислам миење на долниот дел и менување на пелената?