vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Судејќи по прегледите на Youtube, Саша Ковачевиќ има голем летен хит. Имено, за помалку од 30 часа младиот пејач собра повеќе од пола милион луѓе на Youtube, кои го прегледува спотот за песната “Случајно”.
- Секогаш пред почетокот на летото избирам весела песна, бидејќи сметам дека овој период од годината не е за балади. Среќен сум што луѓето посакаа да видат што ново сум подготвил и им благодарам на сите кои го погледаа спотот – кажува на почетокот на разговорот миленикот на тинејџерките.
Велат дека повеќе не си романтичен пејач и дека си почнал да трчаш по пари
- Не можам на секого да му угодам. Се трудев да направам нешто поинакво. Ако издадев песна која личи на моите први два албуми, ќе зборуваа дека песните ми се исти. Сто луѓе, сто чуда.
Зошто се одлучи за обработка?
- Немам многу обработки во својата кариера. Сите знаеме дека многу од моите колеги направија кариера на обработките и тука нема ништо лошо.
Ти си еден од дваесетте пејачи во Србија, кои во јуни издадоа синглови. Има ли за сите место на овој мал пазар?
Немаме сите иста публика. Има место, зошто да не. Луѓето одлучуваат што ќе слушаат. Ако песната е хит, ќе биде хит во секој случај, а ако не е, тогаш апсолутно ништо не помага. Сеуште не сум го отпеал синглот никаде, но судејќи по Youtube, сме одработиле добра работа.
Дали ти беше тешко, во друштво на триесет убавици, да и останеш верен на својата девојка, која не дојде на снимање?
Во Грција отидовме за да работиме. Бевме екипа од 60 луѓе и сите добро се забавувавме, како и девојките кои учествуваат во спотот. Мојата девојка Јована е многу зафатена заради јунскиот исптен рок и не можеше да дојде со нас. Ние двајца имаме многу добар однос и таа во потполност ја разбира природата на мојата работа. Кога би била љубоморна и кога би правела сцени, сигурно дека не би можеле да функционираме нормално.
Како ја прославивте првата годишнина?
- Во приватна и интимна атмосфера.
Кога ќе биде свадбата?
- Не сум подготвен за тој чекор. Има време, сеуште сме млади.
Извор: hellomagazin.rs
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Како да знам дека дошло до оплодување?
Многу жени кои се обидуваат да забременат со нетрпение ги очекуваат пр...
Како да го контролирате апетитот за време на терапија?
Одредени терапии можат да влијаат врз апетитот, предизвикувајќи зголем...
Први чекори кога бременоста не доаѓа
Кога посакуваната бременост не се случува веднаш, многу парови чувству...
Како да го подготвите првото дете за доаѓањето на бебе?
Доаѓањето на нов член во семејството е возбудлив момент, но за првото ...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?