Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Без разлика дали мора строго или делумно да мирувате, ви претставуваме креативни и забавни идеи кои сигурно ќе ви ја ублажат досадата.
Сега е вистинско време да ги прочитате сите оние книги за кои сте немале време пред бременоста. Наместете ја удобно перницата, покријте се и уживајте.
Ако во изминатите години многу сте работеле, освен што не сте стигнале да ги прочитате книгите кои сте сакале, сигурно сте немале време да ги погледнете и најновите филмови... или можеби пак отсекогаш сте сакале да ги изгледате сите класици. Токму сега е вистинското време за тоа!
Иако не може да одите до салон и да им се препуштите на вештите раце на козметичарките, сега можете сами да експериментирате и да се забавувате украсувајќи ги ноктите. Прво убаво изманикирајте ги, па потоа играјте си со бои, шари, можеби и некои апликации.
Земете некоја убава ламба и пишувајте сè што ќе ви падне напамет, без разлика дали повеќе сакате проза или поезија. На крајот на краиштата, напишете им писмо на други луѓе, бидејќи, освен што ќе уживате, сигурно и нив ќе ги вратите во минатото, кога писмата беа она што денеска се chat-от и email-от. Ако повеќе сакате куцање на тастатура, можеби вистинско време е да отворите блог на кој ќе ги споделувате сите свои мисли, идеи и соништа.
Имате некое хоби кое неправедно сте го запоставиле? Сега е вистинско време да му се вратите. Занимавајте се со цртање, сликање, создавање... само вклучете го мозокот и рацете.
Сигурно отсекогаш сте сакале да направите споменар, а не сте имале време за тоа. Има безброј идеи. Можете да направите споменар за бебето во кој ќе ги лепите сите спомени пред неговото раѓање или кои се однесуваат на љубовта помеѓу вас и вашиот драг. Тоа би бил споменар кој потоа со години ќе го отворате и ќе се сеќавате на убавите моменти.
Да, сега имате време да го обновите знаењето на странскиот јазик или можеби да научите некој нов. Можете да се пријавите на некој онлајн курс или пак да ја замолите бабата или мајката да ве научат да штиркате. Секоја нова вештина добро ќе ви дојде, а притоа и квалитетно ќе го искористите своето време.
5
5
4
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Зошто диетите не функционираат долгорочно?
Многу луѓе се обидуваат со различни диети за да изгубат тежина, но гол...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?